- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Yves Saint Laurent All Hours течната пудра со покривна моќ од утро до вечер, пристигнува во сосема нов, попрактичен формат. Престижниот бренд за убавина го претстави All Hours Stick пудрата во стик, целосно нова, лесна за нанесување, со многу посакуваната формула за целосна покривност.

Пудра во стик со долготрајна кремаста формула!

Најновиот додаток на YSL мејкап линијата е oil-free пудра во стик, со долготрајна кремаста формула. All Hours Stick го комбинира најдоброто од течната пудра, но сега како производ со мултинаменски својства во практичен формат. Новата формула се чувствува лесно на кожата и создава природен мат финиш кој помага да се задржи сјајот на лицето.

- Реклама -

Течна пудра! Коректор!

All Hours Stick е со формула без масло, дерматолошки тестирана. Може да се користи самостојно, како течна пудра или како коректор за да се прикријат несовршеностите на лицето. Практичниот стик ќе се вклопи во најмалата женска ташна за да можете да изгледате убаво и да се чувствувате удобно насекаде и во секое време.

YSL All Hours Stick пудрата во стик пристигнува во повеќе нијанси прилагодени за секој тен на лицето.