Обликувај, скулптурирај, пополни и подигни! Четири клучни чекори за добивање перфектни веѓи!

Откако жените сакаат да креираат изглед со природни веѓи, Max Factor ги претстави Brow Shaper и Brow Contouring Kit, дизајнирани да го подигне и дефинира комплетниот изглед. Сега може да креирате беспрекорни веѓи кои ќе одговараат на вашиот облик на лицето, во четири клучни чекори за добивање перфектни веѓи

Во мејкап индустријата, обликување, скулптурирање, пополнување и подигнување се четирите клучни чекори за перфектни веѓи. Новите Brow Shaper и Brow Contouring Kit на секоја жена и овозможуваат постигнување на природен изглед со комплетна самодоверба.

Четири едноставни чекори за перфектни, подебели, негувани, подигнати веѓи!

Обликувај, скулптурирај, пополни и подигни!

Обликување

Почнете со избирање на нијанса од Brow Shaper која највеќе одговара – тие со посветла кожа и коса треба да изберат нијанса Blonde, тие со маслинест тен и средно темна коса треба да изберат помеѓу Brown и Deep Brown нијанса, додека на тие со потемен тен и многу темна коса ќе им одговара Deep Brown нијансата.

Откако направивте избор на нијанса, исчеткајте ги веѓите нагоре за да го доловите вистинскиот облик. Од Вас зависи изборот за тоа каков изглед сакате земајќи  во предвид што Ви одговара на обликот на лицето и стилот. На пример, прекрасна заоблена веѓа со недефиниран лак и тенка “опашка” одговара на повеќето облици на лице, но препорачлива е за девојките кои имаат лице со облик во вид на срце или дијамант. Алтернативно, подебели, лесно заоблени веѓи со мал лак и полна “опашка” најдобро одговараат на овално и коцкасто лице.

Скулптурурање

Држете го Brow Shaper  вертикално на страната од носот, со врвот на едниот крај кон челото. Таму треба да е почетокот на веѓата. Означете ја таа точка и свртете го производот така да поминува преку центарот на окото. Означете уште една точка каде што е пресекот и тоа ќе биде врвот на веѓата. Потоа,задржете го производот дијагонално додека не се поклопи со работ на надворешниот дел од окото. Означете уште една точка за го дефинирате крајот на веѓата.

Kористејќи го ултра тенкиот врв од моливот од спротивната страна на четката, нацртајте тенки линии преку веѓата со кратки дијагонални движења, четкајќи во правец на влакната за да креирате изедначен, природен изглед.

Пополнување

Изберете една од трите нијанси за веѓи од Brow Contouring Kit  и едноставно, со четка нанесете ја избраната боја преку веѓата.

Можете и да ги мешате нијансите за да ја добиете посакуваната, за комплетен личен финиш, или креирајте длабочина користејќи една од посветлите нијанси на врвот од веѓите и потемна нијанса почнувајќи од средината на веѓата до крајната точка за да креирате високо-дефиниран изглед на веѓите.

Подигнување

Подигнете и осветлете го целосниот изглед со нанесување на светлата нијанса од Brow Contouring Kit каде паѓа природната светлина; под веѓите за да ја истакнете коската и во внатрешниот агол од очите за да креира илузија од инстант лифтинг на очите. Трансформирајте го лицето со доверба.

2 thoughts on “Обликувај, скулптурирај, пополни и подигни! Четири клучни чекори за добивање перфектни веѓи!

  • 14.04.18 at 23:12
    Permalink

    Многу корисно но каде да се набават и колку е цената, поздрав

    Reply
    • 16.04.18 at 08:34
      Permalink

      Здраво Верче,
      Интернет порталот Убавина за сите – слатки ритуали е првиот сајт во Македонија што во фокусот на интерес ја има козметиката. Текстовите што ги објавувам на сајот се од информативен карактер. Не вршиме продажба на артиклите за кои пишувам. Конкретно за Max Factor Brow Shaper и Brow Contouring Kit може да го набавите во сите подобро снабдени парфимерии во вашиот град, кои во својот асортиман ги продаваат Max Factor производите. Јас ги набавив во парфимерија Елискир.
      Се надевам дека ви се допадна текстот и посакувам да го пратите мојот сајт, следуваат уште многу изненадувања.
      Поздрав Маја,
      Убавина за сите – слатки ритуали

      Reply

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *