Голем октомвриски тренд 2018 – виолетови нијанси и мат ефект!

Есента конечно пристигна, но се разбира со промената на годишните времиња, доаѓа до промени во стилот. Главниот октомвриски моден тренд за 2018 година не се разликува премногу од претходните години. Есен и зима обично значи дека време е за малку позатворени бои за разлика од летото – црни, кафени и сиви. Сепак на улиците во вашиот град ќе можат да се видат униформирани девојки во црни јакни и палта, но вие може да се разликувате со помош на виолетова шминка!

Виолетови нијанси како главен тренд во 2018 година!

Виолетовата боја е симбол на моќ и амбиција, а некогаш беше резервирана исклучиво за членовите на кралските семејства. Оваа сезона, ни носи виолетова шминка за да се чувствувате како принцеза! Од познатата модна куќа Yves Saint Laurent како главен есенски тренд, пристигна мејкап колекцијата Yconic Purple. Како што сугерира името, акцентот целосно е ставен на виолетовата боја, а целата колекција зрачи со интензитет и женственост.

Yves Saint Laurent есенска колекција!

Кога еден тренд доаѓа од модната куќа како што е Yves Saint Laurent, сигурни сме дека ќе биде апсолутен хит на мејкап сцената. Есенската колекција на YSL содржи неколку производи кои сигурно ќе ги посакате во вашиот несесер.

Палета со сенки за колекционери – Couture Eye Pallete

Оваа уникатна Yconic Purple палета со сенки создадени од страна на директорот на YSL Beauté, Tom Pecheux, а наменета е за лојалните и посветени фанови. Самата кутија на палетата е вистинско уметничко дело, со блескав “Y” кој ja украсува, додека логото е покриено со честички од дијамантска прашина. Се разбира, за да го следиме овој тренд, многу поважно е она што е внатре. Виолетовата боја е апсолутна ѕвезда на оваа палета. Во неа додадени се: бакарна, сино-црна и бела нијанса кои совршено ја надополнуваат виолетовата. Заедно прават деликатна композиција која ќе одговара на сите тонови на кожата. Тука се и два апликатори со кои лесно ќе се нанесат сите бои од палетата.

Повеќенаменски моливи за жени во движење!

Големата ташна во која го носите целиот мејкап несесер, одамна е минато. Денес, сè е сведено на мултифункционалност. Couture Chalks содржи четири мали моливи, кои во исто време служат како сенка за очи, кармин и руменило. Овие моливи, кои со изгледот потсетуваат на училишна креда, дефинитивно ќе ви заштеди многу простор во вашата ташна, а доаѓаат во четири различни бои – црна, бледо беж, бронза и црвена боја. Тие лесно се комбинираат со сите мејкап комбинации, па затоа многу се практични. Црната боја најдобра е за да се дефинираат очите, бледата беж ќе послужи како хајлајтер, бронзената може да ги истакне очите и образите, да се нашминкаат усните, а црвената се разбира првенствено наменета е за усните и образите.

Couture руменило и хајлајтер!

Се разбира, виолетовите нијанси мора да добијат поддршка во форма на хајлајтер и руменило. Од YSL Beauté доаѓа нова колекција на руменила, кои се интересни затоа што можат да се нанесуваат на два начини. Ако руменилото се нанесува со влажен апликатор во преден план ќе бидат интензивните пигменти, а кога се нанесува со сув апликатор лицето ќе го добие оној беспрекорен мејкап изглед – no makeup изглед. И се разбира на крајот, виолетовиот кармин е она што ќе го заокружи вашиот мејкап изглед. Vernis à Lèvres Vinyl Cream карминот доаѓа во две нови нијанси – блескава беж, но и во феноменалната блескава виолетова.

Кој е вашиот омилен октомвриски тренд?

Дали вие сте љубител на виолетовата боја или преферирате некои други нијанси? Дали сте за мат кармин или вашиот омилен кармин е седефаст? Сподели коментари!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *