Откријте ја легендата на мистичниот и опоен цвет на тубероза! Bvlgari Splendida Tubereuse Mystique

Колекцијата на мириси Bvlgari Splendida беше претставена во 2017 година со три мириси – Iris d’Or, Rose Rose и Jasmin Noir. Во Јануари 2018 година на колекцијата се приклучи мирисот Magnolia Sensuel, а во 2019 година новото издание Splendida Tubereuse Mystique.

Цветот од тубероза е чист дијамант во парфемот!

Мирисната композиција на новиот Bvlgari Splendida Tubereuse Mystique ја истражува легендата на мистичниот и опоен цвет на тубероза. Комплексен, изненадувачки и неодолив, цветот од тубероза е чист дијамант во парфемот. Мирисната сила ја открива магичната димензија и ве поканува да доживеете мистично патување, а потоа да се препуштите на задоволствата.

Мистичен ноќен парфем за жени!

Парфимерката Sophie Labbé за оваа креација, опојната тубероза ја замисли во самрак поради нејзината желбата да ги претстави потентните карактеристики на цветот од тубероза. Тоа го постигна со комбинација на апсолут ванила и есенција на давана и миро смола. Дополнителни ноти кои се вклучени во Tubereuse Mystique се акордите на црна рибизла при отворање на мирисната композиција. Мирисот е пудрест, цветно-ориентален и елегантно сладок, замислен како мистичен ноќен парфем за жени.

Bvlgari Splendida Tubereuse Mystique е достапен во 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *