Парфемска премиера! Armani Sì Fiori

Брендот Giorgio Armani продолжува да ја развива и проширува колекцијата на мириси Armani Sì. По минатогодишното црвено издание Sì Passione, во Март 2019 година ќе биде лансирана нова розова верзија Armani Sì Fiori.

Самодоверба и верба во себе – Armani Sì Fiori

Новиот парфем повикува на природност и доследност во градската бетонска џунгла и многуте висококатници. Armani Sì ја промовира самодовербата и вербата во себе.

Препознатливата арома на црвена рибизла!

Мирисната композиција на новиот Armani Sì Fiori компонирана е со chypre-neroli акорди во срцето на мирисот, создадено од парфимерката Julie Masse. Чистите и свежи ноти на врвот ја содржат препознатливата арома на црвена рибизла, помешана со мандарина. Ванилата и мошусот ја создаваат меката база на парфемот.

Cate Blanchett – заштитно лице на кампањата!

Глумицата Cate Blanchett повторно се појавува како заштитно лице на кампањата, но сега ќе и се придружат кинеската актерка Elaine Zhong и моделите Adwoa Aboah и Sara Sampaio.

Шишенце – обоено во нуд розова нијанса!

Шишенцето на парфемот е транспарентно, обоено во нуд розова нијанса, украсено со црно капаче и златен прстен околу вратот на шишенцето.

Armani Sì Fiori ќе биде достапен во 30, 50 до 100 мл, како Eau de Parfum.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *