ПАРФЕМСКА ПРЕМИЕРА! Calvin Klein CK One Platinum Edition

Инспирирани од традицијата, наследството и модерниот дух на Calvin Klein модната куќа и новата prêt-à-porter модна колекција потпишана од Raf Simons, наречена CALVIN KLEIN 205W39NYC, брендот ја претстави новата верзија на легендарниот унисекс парфем CK One од 1994 година. Новото издание CK One Platinum Edition беше лансирано во почетокот на месец Септември 2018 година и обезбеди нова димензија на иконичниот мирис.

CK One Platinum Edition не ги следи нормите и правилата на половите и наменет е за сите!

CK One Platinum Edition се опишува како силен, динамичен и брилијантен со состојки така помешани за да се даде чувство на свежина кое истовремено е топло и студено. Младешки, оптимистички и модерен, CK One Platinum Edition не ги следи нормите и правилата на половите и наменет е за сите. Мирисната креација е потпишана од страна на парфимерите Ilias Ermenidis и Pierre Negrin.

Класичното CK One шише – ја симболизира модерната естетика!

Класичното CK One шишенце обоено во платина, ја симболизира модерната естетика за која се залага Calvin Klein.

Мирисот е достапен во 50, 100 и 200 мл, како Eau de Toilette.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *