- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

David Beckham ќе го претстави новото машко издание Follow Your Instinct, кое припаѓа на мирисната колекција Instinct, а во продажба ќе биде достапен од Февруари 2019 година како ограничено издание. Колекцијата беше лансирана со истоимениот мирис Instinct од 2005 година, а заклучно со најновото издание брои девет мириси.

Дрвенесто цитрусен мирис со зачинета динамика!

Мирисот е најавен како дрвенесто цитрусен со зачинета динамика во срцето. Во отворањето на мирисната композиција први настапуваат сочните ноти на мандарина и портокал, кои ја осветлуваат мешавината на зачини во срцето, сочинето од ѕвездест анасон, кардамон и бибер од Јамајка. Нотите во основата на мирисот ја носат снагата на дрвенестите акорди во комбинација со ветивер со Хаити и пачули, загревајќи ги со суптилен бел килибар.

Follow Your Instinct ќе биде достапен во шишенца од 50 и 75 мл, како Eau de Toilette и парфемски дезодоранс од 75 мл.

- Реклама -