ПАРФЕМСКА ПРЕМИЕРА! Dolce & Gabbana The Only One

Dolce & Gabbana го претставува женскиот мирис The Only One како ново продолжение на The One – ориенталното цветно издание од 2006 година.

Новиот The Only One својата светска премиера ќе ја има на крајот на Август 2018 година како мирис кој ја опфаќа есенцијата на софистицираната и хипнотизирачката женственост.

Мирисот е контроверзна игра на спротивности!

Мирисната композиција е контроверзна игра на спротивности, исто како жената која е замислена дека ќе го носи овој парфем. Цветот на љубичица во контраст со гурманските ароми на кафе дава карактер на мирисот. Свежото отворање вклучува мирисни ароми на бергамот, додека срцето доминира со ноти на ирис, сите на базата од ванила и дрвенести ароми.

Emilia Clarke – лицето на рекламната кампања!

Заштитното лице на рекламната кампања за новиот Dolce & Gabbana The Only One е познатата англиска актерка Emilia Clarke, главната јунакиња во култната серија Game of Thrones.

Dolce & Gabbana The Only One ќе биде достапен во 30, 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *