Парфемска премиера! Dolce&Gabbana The Only One 2

The Only One парфемот од брендот Dolce&Gabbana кој беше лансиран кон крајот на Август 2018 година, како нова варијанта на оригиналниот The One од 2006 година, добива наследник во форма на ново издание – The Only One 2. Првиот мирис донесе мирисна композиција на гурмански ирис во комбинација со кафе, додека новото поглавје ќе донеси мирис на пудреста роза и љубичици со слатко кафе. Dolce&Gabbana The Only One 2 ќе биде лансиран во средината на Февруари 2019 година.

Мирис на љубов, заведување и страст!

Мирисната композиција на новиот Dolce&Gabbana The Only One 2 симболизира мирис на љубов, заведување и страст, презентирани во шишенце со црвена боја на рубин. The Only One 2 се отвора со ноти на бобинкасти плодови и круша, преземени од топлото срце со пудрести и гурмански ноти на роза. Нежни и слатки мирисни нијанси на тонка во базата се надополнети со дрвенести акорди за постигнување на интензитет и топлина на мирисот.

Emilia Clarke – лице на рекламната кампања!

Актерката Emilia Clarke е лицето на рекламната кампања, снимена во Рим од страна на фотографите браќа Morelli.

Dolce&Gabbana The Only One 2 ќе биде достапен во 30, 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *