- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Elizabeth Arden 5th Avenue е еден од најпознатите мириси на колекцијата на парфеми на Elizabeth Arden, инспирирани од познатата улица како симбол на богатство и енергија на градот Њујорк. Првиот мирис 5th Avenue, лансиран во далечната 1996 година, стана „столб“ на брендот Elizabeth Arden, а интензивната, раскошна, цветна мирисна композиција беше потпишана од парфимерката Ann Gottlieb.

5th Avenue NYC LIVE – Модерно и живописно цветно издание!

Последното издание на колекцијата 5th Avenue се појави на пазарот кон крајот на Ноември 2018 година како модерно и живописно цветно-chypre издание наречено 5th Avenue NYC LIVE. Парфемот го создаде парфимерот Carlos J.Vinals.

Композицијата на отворањето нуди мешавина од Acai бобинки, интензивирана со розов бибер во комбинација со сочни мандарини. Во срцето на мирисот доминираат цветни ноти на самбак јасмин, невен и нероли, поставени на дрво од кашмир, бел пачули и коктел од мошус.

- Реклама -

Шишенцето крунисано со златно капаче!

Шишето го повторува својот претходник, но сега акцентирано со сребрени и златни ленти, крунисано со златно капаче.

Elizabeth Arden 5th Avenue NYC LIVE е достапен во количина од 125 мл, како Eau de Parfum Spray.