Парфемска премиера! Guerlain Mon Guerlain Bloom of Rose

Во Март 2019 година, Guerlain ќе го лансира Mon Guerlain Bloom of Rose, ново издание на современата Mon Guerlain мирисна линија која ги комбинира нотите на лаванда и ванила. Новото издание ќе биде презентирано од актерката Angelina Jolie. Мирисната колекцијата Mon Guerlain ги вклучува оригиналното Eau de Parfum издание од 2017 година, Mon Guerlain Florale и Mon Guerlain Eau de Toilette од 2018 година.

Повик за жените да го живеат животот во потполност!

Bloom of Rose мирисното издание претставува повик за жените да го живеат животот во потполност и да уживаат во секој момент. Mon Guerlain композицијата го слави задоволството и индивидуалноста.

Нов карактер на мирисот!

Новата композиција е потпишана од страна на парфимерите Thierry Wasser и Delphine Jelk како деликатна и цветна, весела, свежа и овошна композиција. Јадрото на парфемот останува доследно на оригиналот, со ноти на лаванда, самбак јасмин, ванила од Тахити и сандаловина. Новиот карактер на мирисот е создаден со комбинација на бугарска роза и нероли.

Angelina Jolie – лице на кампањата!

Лицето на кампањата за новиот Mon Guerlain Bloom of Rose е актерката Angelina Jolie.

Mon Guerlain Bloom of Rose ќе биде достапен во 30, 50 и 100 мл, како Eau de Toilette.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *