- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Hugo Boss ќе го лансира новиот мирис од Hugo колекцијата инспириран од модната линија Hugo Reversed. Во бело шишенце со препознатлив дизајн на чутурка, логото на брендот е испишано како одраз во огледало, типично како за Hugo Reversed модната колекција. Новото издание ќе претставува урбан мирис освежен со коктел на цитрус, за контрастна елеганција на дрвенести ноти.

Мирисно издание со нагласен дрвенест карактер!

Модерната мирисна композиција на новото издание на Hugo линијата ќе поклони свежина со пенливи вкусови на калабрискиот бергамот и грејпфрут во отворањето на композицијата проследено со интензивен акорд од рузмарин во срцето на мирисот, акорд на pamplewood, што е молекула развиена од  компанијата Firmenich која развива мирис на грејпфрут и дрвенести ноти. Основата на Hugo Reversed изданието го нагласува дрвенестиот карактер истакнувајќи го елегантниот потпис на Хаити ветиверот.

Мирисот Hugo Reversed ќе биде достапен во бело шишенце во 75 и 125 мл, како Eau de Toilette, а во парфимериите ќе биде достапен од крајот на месец Декември 2018 година.

- Реклама -