Парфемска премиера: Lancôme La Nuit Trésor Diamant Blanc

La Nuit Trésor мирисна колекција!

Мирисната колекција La Nuit Trésor на брендот Lancôme ги содржи следниве изданија: оригиналниот La Nuit Trésor Eau de Parfum од 2015 година, La Nuit Trésor Caresse од 2016 година, La Nuit Trésor Eau de Toilette од 2017 година и La Nuit Trésor à la Folie од 2018 година.

Нов „скапоцен камен“ – La Nuit Trésor Diamant Blanc!

На почетокот на 2019 година, на мирисната колекција ќе се приклучи новиот „скапоцен камен“ La Nuit Trésor Diamant Blanc.

Ориентално-цветна композиција обвиткана со вело на бел мошус!

La Nuit Trésor Diamant Blanc е со ориентално-цветна мирисна композиција, каде што овошјето, цвеќињата и слатките мирисни ноти се обвиткани во вело на бел мошус. Парфимерите Amandine Marie, Christophe Raynaud и Honorine Blanc го креираа новиот La Nuit Trésor Diamant Blanc како блескав и сензуален парфем што од почеток до крај зрачи со голема доза на мошус и ја раскажува приказната за една страсна ноќ и голема љубов.

Шишенце во форма на дијамант!

La Nuit Trésor Diamant Blanc ќе биде претставен во стандардно шишенце од колекцијата La Nuit Trésor во форма на дијамант, сега изработено од матирано стакло што се прелива во бело-виолетови нијанси.

Lancôme La Nuit Trésor Diamant Blanc ќе биде достапен во 30, 50 и 75 мл, како Eau de Parfum.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *