- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Michael Kors лансира нов мирис наречен Sky Blossom, во согласност со темата од претходните изданија, како што се Sexy Blossom од 2016 година и Exotic Blossom од 2017 година. Мирисот ќе биде лансиран пред крајот на 2018 година како ограничено издание.

Шик, блескав и лежерен! Michael Kors Sky Blossom

Sky Blossom е парфем дизајниран да поттикнува свежина, чистота и расположение за нежен флерт. Инспириран од релаксирачкиот, секојдневен гламур, тој е опишан со епитетите – шик, блескав и лежерен. Цитрусни и овошни ароми, бело цвеќе и божур, но и лесни ноти на мошус ја сочинуваат оваа мирисна композиција.

Michael Kors Sky Blossom доаѓа како ограничено издание во шише од 100 мл, како Eau de Parfum.

- Реклама -