- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Мирисен валцер разигран околу рози!

Мирисната колекција Miss Dior е збогатена со новиот Miss Dior Eau de Toilette, најавен како возбудлив и освежувачки цветен виор, мирисен валцер разигран околу рози од Gras и свеж, блескав крин. Воздушестите и блескави овошни ноти го најавуваат елегантното, енергичното и женственото цветно срце полно со љубов и живот.

Francois Demachy – парфимер на брендот Dior

„Во срцето на Miss Dior Eau de Toilette светлата и брилијантна Centifolia роза ја развива својата полна и сјајна убавина Сакав да му дадам единствен, освежителен квалитет со воведување на акорди од крин.” – вели Francois Demachy, парфимерот на брендот Dior.

- Реклама -

Мирисен вител полн со енергија!

Мирисната композиција на новата верзија на Miss Dior Eau de Toilette ја повторува неодоливата енергија на црвениот портокал од едицијата лансирана во 2013 година, сега споена со блескави и сочни мандарини во отворањето на мирисот. Нотите од рози од Gras и Centifolia розите, опкружени со цветови од крин, поставени на чист пачули кои со веселите ноти на цвеќе и овошје ја одредуваат специфичната динамика, како мирисен вител полн со енергија.

Natalie Portman – заштитно лице на мирисот

Miss Dior Eau de Toilette се надоврзува на веќе познатата рекламна кампања, која беше лансирана за верзијата на Miss Dior Eau de Parfum од 2017 година, кампања претставена со нов видео запис за новото издание Miss Dior Eau de Toilette. Лицето на парфемот и рекламната кампања е глумицата Natalie Portman.

Miss Dior Rollerpearl

Покрај Miss Dior Eau de Toilette од 50 и 100 мл, Dior го лансира и популарното пакување Miss Dior Rollerpearl Eau de Toilette достапно во количина од 20 мл.