Парфемска премиера! Versace Eros Flame

Модниот бренд Versace премиерно го претстави новиот мирис Versace Eros Flame, верзија инспирирана од оригиналниот машки парфем Eros од 2012 година. Додека оригиналниот Versace Eros пленеше со својата ароматична композиција, новата креација оди во сосема друга насока со цитрусни, зачинети и дрвенести мирисни ноти, кои се опишани како ладно и топло, слатко и зачинето, светлина и сенка.

Мирис за силен, страствен и самоуверен маж!

Концептот на мирисот е врз основа на толкувањето на страствената љубов, а се рекламира како мажествен мирис за силен, страствен и самоуверен маж кој е длабоко во контакт со своите емоции.

“Вистинската искра на правата љубов е сон по кој трага секој од нас – вистинската љубов ja обзема душата, телото и умот и никогаш не попушта, бидејќи без вашата сакана личност не се чувствувате потполно. Вистинската љубов се консумира во вечниот пламен на страста” – Donatella Versace.

Мирисна композиција на база на контраст!

Olivier Pescheux ја разви мирисната композиција на база на контраст. Горните мирисни ноти се живи и свежи со италијански цитрус, црн бибер и рузмарин. Бибер, гераниум и роза се во срцето на мирисот, пред топлата дрвенеста база, поврзана со тонка и ванила.

Рекламната кампања со Gigi Hadid и Salomon Diaz!

Рекламната кампања е современа интерпретација на исконската скулптура “Ерос и Психа “, со Gigi Hadid и Salomon Diaz како актери. Приказната е посветена на љубовта и различноста во дигиталната ера. Кампањата е снимена од Steven Meisel.

Шишенцето и пакувањето се насликани со светло-црвена боја со глава на медуза како симбол на брендот Versace.

Versace Eros Flame е достапен во 30, 50, 100 и 200 мл, како Eau de Parfum.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *