Парфемска премиера! Viktor & Rolf Spicebomb Night Vision

Машкиот мирис од брендот Viktor & Rolf Spicebomb од 2012 година ќе биде достапен во ново издание од Февруари 2019 година. Новиот Spicebomb Night Vision претставува прво проширување на мирисната линија после Spicebomb Extreme верзијата од 2015 година.

Експлозивен контраст на зелена свежина и силни зачини!

Viktor & Rolf Spicebomb Night Vision е најавен како експлозивен контраст на зелена свежина и силни зачини. Опишан како многу сензуален мирис, моќен и забележлив, наменет за ноќ. Темнината и мистеријата се нови теми кои го пратат овој нов мирис.

Мирисната композиција е ориентална, создадена од парфимерите Nathalie Lorson и Pierre Negrin. Мирисните ноти на грејпфрут и зачини, водат до парфемското срце од гераниум и жалфија, на база на пржени бадеми и тонка.

Jacob Whitesides – ново лице на рекламната кампања!

Новото лице на рекламната кампања за новиот Spicebomb Night Vision е младиот пејач Jacob Whitesides.

Мирисот доаѓа во шише со облик на рачна граната во неонска зелена боја.

Viktor & Rolf Spicebomb Night Vision ќе биде достапен во 50 и 90 мл, како Eau de Toilette.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *