- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Модната куќа Yves Saint Laurent лансира нов машки мирис наменет за Y генерацијата, роденени во 1980-тите и 1990-тите години. Мирисот го носи името Y и има тенденција да го отелотвори духот на младоста со цел да му понуди на милениумската генерација нешто друго. Инспириран од препознатливиот елегантен стил на модната куќа и парчињата облека, како што е едноставната бела маица и црното сако, Y претставува рамнотежа помеѓу моќта и свежината.

Пред нас е еден сосема нов машки парфем! Yves Saint Laurent Y. Еве како го опишуваат неговите креатори:

Креативец. Создавател. Остварувач.

Y, нов мирис за мажи!

Мирисот на слободата, мирисот на соништата, за оние што се осмелуваат и оние кои живеат да ги остварат своите соништа. Y не е приказна за еден маж, Y е приказна за една генерација мажи кои се креативни и кои преземаат чекори за да ја остварат својата страст, кои ја следат својата интуиција и себе си ги поставуваат вистинските прашања. Y е мирисот на слободата на живеењето на вашите соништа, Y е мирисот што покренува, Y е одговорот на потребата за остварување. Сè започнува со прашањето “Зошто?” (“Why?”)

- Реклама -

Шишето е минималистичко со чисти линии и буквата Y на грбот.

Парфимеристот кој го создаде овој мирис е Dominique Ropion, а рекламната кампања е со хип-хоп музичарот Loyle Carner, скулпторот David Alexander Flin и истражувачката уметничка Alexandre Robicquet.

Мирисот е достапен како 60 и 100 мл Eau de Toilette