Парфем на кој ќе ни мириса зимата!

Gucci Bloom Nettare di Fiori

Ладните денови кои ни претстојат за многу од нас ќе бидат обележани со парфем кој се карактеризира со дрвенести, ориентални и цветни мирисни ноти, но со акцент на сензуалност и дрзок карактер.

Gucci Bloom Nettare di Fiori е последното поглавје на првото женско портфолио мириси, каде оригиналната суштина на Gucci Bloom е продлабочена со сензуалност и интензитет.

Gucci Bloom Nettare di Fiori го истражува мистериозниот и интимен карактер на жената, нејзината автентичност, самодоверба и невообичаеност.

Приказната за Gucci Bloom!

Различни изрази на модерната женственост ги креираат нијансите на Gucci Bloom мирисната приказна.

Опкружувањето за Gucci Bloom приказната е градина која изобилува со растенија и цвеќиња, каде нивната посебност и убавина ја претставуваат современата жена. Првиот парфем на  Alessandro Michele за Gucci, Bloom Eau de Parfum, олицетворува автентичност и оптимизам. Нарацијата продолжува со Bloom Acqua di Fiori, кој ја слави радоста и енергијата на младоста и Nettare di Fiori, кој ја отсликува интензивноста и мистериозната сензуалност.

Мирис – Подрвенеста и сензуална мешавина на ѓумбир и роза!

Gucci Bloom Nettare di Fiori го доловува мирисот на цвеќињата во екот на нивното цутење, зрачејќи со нивниот најмоќен мирис и привлечност. Создаден во креативна соработка со Alberto Morillas, оригиналниот Gucci Bloom мирис е помешан во една флорална Chypre верзија. Женствените ноти на роза и цветот османтус се интензивирани во оригиналната мирисна структура, заедно со ноти на јасмин, рангун ползавец и тубероза во срцевината на мирисот. Претежно цветен, мирисот пренесува подлабоко чувство на женственост во една подрвенеста, сензуална мешавина со ѓумбир и роза во горните ноти, и нежни, енигматични ноти во основата составена од пачули, мошус и османтус.

Кампања – Како од бајка со Dakota Johnson, Hari Nef и Petra Collins!

Во кампања како од бајка, снимена од страна на Glen Luchford, ѕвездите на кампањата Dakota Johnson, Hari Nef и Petra Collins се наоѓаат во просторија каде пијат чај. Околу нив природата цвета. Растенија и цвеќиња го исполнуваат просторот, претворајќи ја просторијата во интимна и нереална, во сцени за кои не сте сигурни дали се јаве или сон.

Шише – Црната нијанса ја доловува неговата поинтензивна суштина!

Доловувајќи ја неговата поинтензивна суштина, нова црна нијанса на ексцентричниот флорален принт Herbarium, ја краси кутијата на новиот Gucci Bloom Nettare di Fiori. Принтот составен од листови, гранчиња и цветови од цреша е врамен во рамка со црна боја, а исто така се појавува и на бледо-розовото шишенце, каде е впишано и името на брендот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *