Доаѓа парфем со шишенце во форма на молња! Carolina Herrera Bad Boy

Еден од најпопуларните мириси во дизајнерската понудата секако е женскиот мирис Carolina Herrera Good Girl, со атрактивно шишенце во форма на женска штикла и модерна цветно-ориентална-гурманска композиција. Во последните три години откако беше лансиран мирисот Good Girl, Carolina Herrera понуди четири колекционерски изданија, верзија Legère и мирис за коса во колекцијата Good Girl.

Пандан на женското издание – машки мирис Bad Boy!

Сега е време да се претстави пандан на женското издание – машки мирис Bad Boy кој може да се очекува на повеќе од 7000 локации низ Европа, Латинска Америка и Блискиот Исток, каде ќе се најде во парфимериите од оваа година. Следната, 2020 година мирисот ќе биде достапен низ целиот свет како одраз на стратегијата на дистрибуцијата на Good Girl.

Bad Boy – експлозивен, но софистициран модерен мирис!

Со Bad Boy, Carolina Herrera е насочена кон нов тип на мажи со нова машкост. Тој маж не се плаши да преземе ризици, ја заснова својата машкост на двојност и ја носи својата силна и чувствителна страна во светот на мирисите“ – вели Ana Trias, заменик претседател за престижни и премиум брендови во Puig.

„Bad Boy е олицетворение на двојноста на човекот во храбар симбол на нова машкост. Моќен, а сепак чувствителни, херојски, но ранлив, Bad Boy мажот е сигурен во тоа кој е, прифаќајќи ги сите страни на своите контрастни личности. Bad Boy Eau Eau de Toilette ги вклучува многуте аспекти на современата машкост во експлозивен, но софистициран модерен мирис” – изјавија од брендот Carolina Herrera.

Уметнички машки мирис со нагласен гурмански карактер!

Мирисната композиција на новиот Carolina Herrera Bad Boy е изградена од силни елементи и носи многу моќна мешавина на италијански зелен бергамот, жалфија, две врсти на бибер, тонка, какао, кедар и amberwood. Резултатот е уметнички машки мирис со нагласен гурмански карактер.

Bad Boy молња – алтернатива на високата потпетица на Good Girl!

Новото машко издание Bad Boy доаѓа во привлечно, скулпторско шишенце што можеше да се очекува бидејќи е пандан на женската штикла. Машкиот Bad Boy доаѓа во шишенце во форма на молња – алтернатива на високата потпетица на Good Girl изданијата, но и со исти слоган: It is good to be bad.

Заштитно лице на новиот мирис – британскиот актер Ed Skrein!

Современата машкост на мирисот ќе ја претстави британскиот актер Ed Skrein, кој беше избран да биде заштитно лице на новиот мирис – како погодно алтер его за Karlie Kloss, заштитното лице на Good Girl.

„Неговата кариера и неговиот живот, како што тој ги објаснува, имаат поврзаност со мажественоста што ја бараме: моќна, но емотивна во исто време и чувствителна“. – објаснува Trias.

Carolina Herrera Bad Boy ќе биде достапен во шишенце од 100 мл, како Eau de Toilette.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *