- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Дали понекогаш ви се чини дека сте „бомбардирани“ со разни новитети од светот на убавината и дека тешко е да го изберете идеалниот производ, бидејќи секој ветува дека е совршен за вашиот тип на кожа. Поради тоа, понекогаш најдобро е да се вратите назад кон основите и да примените некоја од основите рутини за убавина, каде што на страна ќе ги ставите новите информации и производи. Негата на кожата особено е важна тема и патот до прекрасен и добро негуван тен не е толку комплициран!

Вечерната нега нека биде приоритет!

За почеток, експертите велат дека чистењето на лицето е клучен чекор на патот кон совршена кожа. Вечерното чистењето на лицето треба да биде приоритет бидејќи во текот на денот на кожата се собира нечистотија која може да го забрза стареењето и да ја оштети кожата. Експертите советуваат употреба на оние производи кои не ја нарушуваат pH вредноста и хидратацијата на кожата, односно да се употребуваат производи кои го забрзуваат обновувањето на клетките. Не се препорачува употреба на влажни марамчиња бидејќи тие оставаат заштитен слој на кожата кој може да ги затвори порите на лицето.

Обратете внимание на серумите!

Хидрантните креми се основа на секоја рутина за убавина, но обратете внимание на серумите кои можат да навлезат подлабоко во кожата. Одлучете се за витамин Ц наутро и витамин А во вечерните часови, проследени со пептиден серум и на крај хидрантен крем.

- Реклама -

Важноста од внес на витамин Ц!

Бидејќи вашата кожа е подложна кон собирање на нечистотии, важно е да и се обезбедат антиоксиданси, а тука доаѓа витаминот Ц, кој има анти-воспалителни својства и ја стимулира синтезата на колагенот. Со редовна употреба може да ја намалите грубоста на кожата и да го вратите природниот сјај. Експертите додаваат дека внесувањето на витамин Ц преку зеленчук, овошје или како дополнителни витамини може да се намали штетата предизвикана од УВ зрачењето.

Никаде без крем за сончање!

Важно е да се има во предвид дека кремите со заштитен фактор да не се применуваат само во летните денови, туку во текот на целата година. УВ зраците кои предизвикуваат стареење на кожата присутни се и за време на облачни денови, затоа на кожата и е потребна постојана заштита, а таа доаѓа во форма на крем за заштита од сонце. Експертите велат дека состојките како титаниум диоксид и цинк оксид треба да бидат неопходни додатоци во кремот за сончање. Тие физички го блокираат УВ зрачењето, за разлика од хемиските блокатори кои можат да предизвикаат ситни акни и делуваат само неколку часа. Титаниум диоксид и цинк оксид делуваат подолго и се антивоспалителни, затоа тие нека ви бидат прв избор.

Откријте ги производите со ретинол!

Ретинолот е моќна anti-age состојка и треба да бидете внимателни со неговата употреба, особено ако имате чувствителна кожа. Меѓутоа, кога се користи „правилно“ експертите велат дека може да направи чудо за вашата кожа – помага во стимулацијата на колагенот и ја намалува пигментацијата, затоа многу успешно ја спречува појавата на сончеви дамки и ги намалува порите. Сепак, пред да се одлучите за доза на ретинол, најдобро е да разговарате со дерматолог кој ќе утврди што е најдобро за вашиот тип на кожа.