Погледнете ја извонредната рекламна кампања на Daisy Love од Marc Jacobs!

Веќе повеќе од една деценија, Daisy Marc Jacobs ги освојува срцата на девојките низ целиот свет со својот младешки дух и спонтан шарм.

Заштитно лице е daisy музата Kaia Gerber!

Daisy Love Marc Jacobs го пренесува омилениот daisy универзум од живописни полиња, на една прекрасна сончева плажа каде љубовта и среќата владеат со нов блескав мирис и визуелно извонредна рекламна кампања, каде заштитно лице е daisy музата Kaia Gerber.

Kaia Gerber

Кампањата дело на прочуениот британски моден фотограф Alasdair Mclellan!

Филмот е целосно снимен од страна на прочуениот британскиот моден фотограф Alasdair Mclellan, а во истиот се прикажани Kaia и моделите Aube Jolicoeur и Faith Lynch под златното сонце на прекрасна калифорниска плажа.

Daisy верување! Животот треба да се живее до максимум!

Кампањата ја слави убавината на сестринството и пријателството преку серија живописни портрети, кои ја отсликуваат суштината на мирисот и остануваат верни на верувањето на Daisy дека животот треба да се живее до максимум.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *