Најмирисен подарок за најромантичниот ден во годината кој ќе ве развесели!

После ладниот Јануари, за кој се чинеше дека траеше предолго, конечно пристигна Февруари – краток и сладок месец со допир на оптимизам и романтика. Додека првите сончеви денови го објавуваат доаѓањето на пролетта и во вас го будат позитивното расположение, Денот на вљубените – „Свети Валентин“ ќе не посети на важноста од романтиката. Иако често ја забораваме, зафатени од хаотичниот секојдневен живот, всушност романтиката е она што еден обичен ден може да го претвори во ден што секогаш ќе ни остане во сеќавањето. На важноста и моќта на романтиката секоја година повторно не потсетува четиринаесеттиот ден од месецот Февруари, кој стана синоним за романтични гестови и љубов.

На Денот на вљубените, најмногу внимание ќе им посветиме на оние што најмногу ги сакаме. Времето што ќе го одвоиме на најромантичниот ден од годината и целосно ќе се посветиме, ќе биде најскапоцен подарок што може да го подариме на својот партнер, мал знак на благодарност ќе го направи овој ден уште повеќе посебен. Во потрага за совршен подарок кој не само што ќе предизвика насмевка на лицето на Денот на вљубените и со подарок во кој вашиот партнер ќе ужива и после тој ден, ни оваа година не можете да згрешите ако подарете шишенце со парфем.

Совршен подарок за денот на вљубените!

Како да изберете совршен парфем? Нежни пудрести мириси со додаток на цветни ноти и зачинети со ориентален призвук ќе биде избор што ќе ја освои секоја жена, а дрвенести и цитрусни мириси ќе бидат избор со кој не можете да погрешите, ако сте во потрага за совршен машки мирис.

Најдобриот мирисен подарок за Денот на вљубените ќе го пронајдете на полиците на вашата омилена парфимерија каде ќе пронајдете миризлив коктел во совршена комбинација за вашиот партнер. Мирисните подароци за неа и за него кои несомнено ќе донесат насмевка на лицето ќе ви ги претставам во продолжение!

Мириси за неа!

Yves Saint Laurent Mon Paris

Yves Saint Laurent Mon Paris

Lancôme La Vie Est Belle

Lancôme La Vie Est Belle

Gucci Bloom Nettare di Fiori

Gucci Bloom Nettare di Fiori

Giorgio Armani Si

Giorgio Armani Si

Chloé Chloé

Chloé Chloé

Calvin Klein Women

Calvin Klein Women

Мириси за него!

Boss The Scent Private Accord

Boss The Scent Private Accord

Armani Code Man

Armani Code Man

Emporio Armani Stronger With You

Emporio Armani Stronger With You

Paco Rabanne Invictus

Paco Rabanne Invictus

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *