- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Боените блондинки знаат дека русата коса носи голема обврска: потребно е многу време, пари, посветеност и грижа за да се постигне совршена нијанса на руса коса, а воедно косата да биде витална и здрава. Затоа, со појавувањето на првите траги од жолтеникаво-портокалова нијанса, блондинките со право се загрижени, бидејќи тоа го поништува сиот напор околу саканата боја. Затоа постојат “виолетови” производи за нега на руса коса: виолетов шампон и маска, кои се наменети за неутрализирање на несаканите жолти тонови на косата.

Производите за нега на руса коса содржат виолетови пигменти кои посебно се дизајнирани за одржување и освежување на русата коса помеѓу две боења.

Зошто вашата руса коса пожолтува, како делуваат виолетовите производи за коса и како се користат?

Зошто русата коса со време пожолтува?

Неколку недели по боењето, блондинките забележуваат нешто чудно: нијансата со која излеговте од фризерскиот салон ги поприма несаканите жолти, портокалови или црвеникави тонови. Тоа е честа појава која се јавува кога природно темната коса се бои во руса, сребрена или платинеста. Ова се случува кога бланшот не ги отстранува сите природни пигменти од косата, правејќи топлите тонови од природната кафена или црна коса “да се појават” на влакното.

Покрај тоа, појавата на несакани топли тонови во косата, исто така се случува со редовно миење на боената коса: имено, бојата за коса се состои од молекули од црвена, жолта и сина боја. Молекулите со сина боја многу побрзо се исплакнуваат и се “распаѓаат”, бидејќи тие се помали, оставајќи ги само молекулите на топите нијанси – црвена и жолта боја.

- Реклама -

За среќа, помеѓу две боења, настапува виолетовиот шампон и соодветната нега!

Зошто виолетова боја?

Несаканото жолтеење на русата коса го неутрализира виолетовиот пигмент во специјалните шампони и маски наменети за тонирање. Овој принцип се заснова на спектарот на бои, во кој една боја која стои спроти другата ја неутрализира, поништува. Во спектарот на бои, виолетовата стои наспроти жолтата. Тоа значи дека со неа ќе го поништиме несаканото жолтеење на русата коса и ќе го зачуваме ладниот тон.

Виолетова нега – чекор по чекор!

Виолетов шампон (No Yellow -Silver)

Најпознатиот производ за неутрализирање на жолтеењето на косата е виолетовиот шампон, исто така познат како No Yellow или Silver шампон. Тој содржи пигменти кои ги поништуваат и покриваат топлите тонови што сакаме да ги отстраниме. Делува како домашен тонер, осветлувајќи и истакнувајќи ги сребрените подтонови на вашата руса коса.

Виолетовиот шампон не може да го замени вашиот редовен шампони за коса, бидејќи се користи исклучиво еднаш или два пати неделно. Со виолетовиот шампон може да се претера: ако на косата се држи премногу долго, подолго од инструкциите во упатството или ако косатa се мие премногу често, ќе добиете темна нијанса, затоа што ќе елиминирате премногу жолти тонови.

Значи, ако ја миете косата двапати неделно, еднаш нека биде со обичен шампон, а еднаш со виолетовиот.

Екстра совет: Фризерите советуваат малку да го разредите виолетовиот шампон со редовниот, додавајќи виолетови пигменти со секое миење на косата, без ризик од претерување.

Виолетова маска!

Дополнителен начин за нега и неутрализација на жолтеењето на косата е виолетовата маска. Исто така, содржи виолетови пигменти и хранливи материи кои влијаат на негата и исхраната на обоената коса. Се употребува само еднаш неделно, се нанесува на целата должина и се чува според упатството на производителот.

За кого е наменета виолетовата нега, а за кого не?

Ако вашата коса е сива, сребрена, руса со ладен подтон, платинеста, или имате прамени, задолжително употребувајте виолетов шампон и маска, ќе ве воодушеви резултатот помеѓу две боења. Од друга страна, ако сте жешка русокоса, со златни топли тонови, виолетова нега не е за вас, бидејќи тоа ќе предизвика губење на премногу топлите тонови, кои се суштината на вашата топла руса нијанса.

Препорачани производи:

Inebrya No-Yellow шампон

Формула со свилени протеини и екстракти од пресувани зрна на грозје, за да ги тонизира несаканите жолти тонови. Може да се користи за сива коса за да се обнови сјајот.

Inebrya No-Yellow маска

Ги неутрализира несакани жолти рефлексии оставајќи ја косата мека и сјајна.