Пристигна долгоочекуваниот мејкап производ! Чешел за исцртување на веѓи!

Catrice Brow Comb Designer Pro чешел за исцртување на веѓи!

Brow Comb Designer Pro чешелот за веѓи дава неверојатен реален ефект на вашите веѓи, слично како Јапонското исцртување на веѓи – microblading. Кратки, тенки линии брзо и лесно се исцртуваат во областа на веѓите со специјално дизајниран чешел. Фините влакненца професионално се имитирани за видливо да се пополнат вашите веѓи. Catrice Brow Comb Designer Pro е со формула која е водоотпорна и долготрајна.

Совет плус!

Кај обликувањето на веѓите најважно е да го задржите нивниот природен изглед. Се разбира, тоа не значи дека треба да ги игнорирате. Тие треба да бидат обликувани, чешлани и видливо исполнети кога е потребно.

Со Catrice Brow Comb Designer Pro вашите веѓи ќе изгледаат природно и реалистично ако извлечете мали-фини линии со кратки потези со врвот на четката. За да бидете сигурни дека овој деликатен мејкап производ навистина вреди, Brow Comb Designer Pro покрај што ги пополнува вашите веѓи, неговата текстура воедно ги обојува веѓите. На овој начин, имитираните влакненца на веѓите остануваат онаму каде што е потребно за прекрасни и полни веѓи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *