- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Catrice HD Liquid Coverage Foundation течна пудра!

Купувањето нова течна пудра е стресно за повеќе жени. Посебно е стресно да се пронајде вистинската боја на течна пудра. Никогаш не можете да најдете совршена што ќе одговара за вас. Многу жени ми се обраќаат за помош при правилниот избор на нијансата, а мене ми е предизвик да помогнам при тоа стресно купување. Повеќегодишното искуство ме прави со нетрпение да истражувам разновидни мејкап производи. Имав чувство дека течната пудра од брендот Catrice ќе биде полн погодок. Бев заинтригирана штом ги видов промо фотографиите. Нивните течни пудри секогаш биле добри со одлични цени.Catrice HD Liquid Coverage Foundation

Примамлив маркетинг или вистински квалитет?

Производителот во кампањата понуди доста примамлив маркетинг, тврдејќи:
Лесна и безмасна текстура што ќе ја чувствувате како ваша втора кожа. Нуди долготрајна, целосна покривност без ефект на маска и создава изедначен тен. Содржи HD финиш за лице кое е спремно за снимање или сликање.Catrice HD Liquid Coverage Foundation

Перфектен изглед што дава чувство дека користиш многу поскап производ!

При првиот контакт со течната пудра ме воодушеви прекрасното шишенце од матирано стакло со перфектен изглед што дава чувство дека користиш многу поскап производ отколку што навистина е. Матираното шишенце укажува на тоа дека течната пудра е со мат основа. На самиот врв има пипета за дозирање, што се покажа како одлично решение затоа што овозможува производот да остане хигиенски чист и не го размачкува шишенцето воопшто. Пипетата испушта доволна доза колку што е потребна за да се покрие целото лице.течна пудра катрис

Покривност со природен изглед!

Пудрата ветува покривност со природен изглед, ултра лесна течна текстура која  трае до 24 часа. Можете само да изберете помеѓу 4 нијанси. Нивниот спектар на нијанси е насочен кон светлите до средни тонови на кожата. Ми се допаѓа суптилниот мирис на пудрата како бебе крем, но тоа не е силно и никому нема да му пречи.

- Реклама -

nijansi na tecna pudra

Се чувствува лесно на кожата!

Пудрата е навистина многу течна, но е добро пигментирана. Таа има лесна текстура и бидејќи е на база на вода, се чувствува лесно на кожата. Ја одбрав нијансата 040 warm beige, која воедно е и најтемна нијанса во палетата нијанси и за среќа е перфектна нијанса за мојот тен. Бојата 040 warm beige е всушност слична на Bourjois Healthy Mix Foundation број 55 dark beige.

Catrice HD Liquid Coverage Foundation

Пудрата навистина има убава покривна моќ, но не преголема. За мене тоа е повеќе од средна покривност, но што повеќе нанесувате од пудрата добивате висока покривност.

Го измазнува тонот на лицето и изгледа како втора кожа со мали несовршености, не покривајќи го црвенилото и акните на лицето за што ви треба камуфлаж коректор, a oдличен избор би бил течниот коректор од Catrice.

before and after

Течната пудра брзо се суши и дава мат финиш. Тоа не е комплетен мат финиш, бидејќи мојата кожа сѐ уште изгледа малку сатенска, ако употребувам крем или подлога. Би рекла дека е повеќе сатенска мат. Од многумина сум слушнала дека пудрата оксидира, но јас не го забележав тоа.

Би препорачала да користите хидратантни креми или прајмер пред нанесување на пудрата, посебно доколку имате дехидрирана кожа. Оваа течна пудра не ја препорачувам за сува кожа, бидејќи може да изгледа навистина прашкасто. Затоа пудрата ја препорачувам за мрсна, нормална до комбинирана кожа.

Catrice HD Liquid Coverage Foundation

Една од најдобрите течни пудри од брендот Catrice!

Мојот впечаток е дека ова е една од најдобрите течни пудри од брендот Catrice. Ми се допаѓа пакувањето и чувството на кожата. Топло ви ја препорачувам да ја пробате и самите.

Catrice HD Liquid Coverage Foundation