Скокни во авантура со Follow Your Instinct

David Beckham ја претстави неговата лимитирана мирисна линија Follow Your Instinct. Кога живееме според нашиот инстинкт, слободни сме да излеземе од рутината и да го прифатиме неочекуваното. Овој авантуристички дух е инспирацијата за машкиот мирис од David Beckham, Follow Your Instinct.

Смислата на Follow Your Instinct е авантура и истражување!

Тринаесет години по лансирањето на Instinct, David Beckham сè уште цврсто верува дека треба да го бараме непознатото, да си веруваме себеси и да скокнеме во нова авантура.

Смислата на Follow Your Instinct е авантура и истражување – навистина сакавме да смислиме име и мирис кој ќе им даде самодоверба на мажите да ја истражат секоја можност“ – вели Beckham.

Мирис

Ароматично-дрвенест, мирисот на Follow Your Instinct претставува мешавина од класични и модерни состојки со цел да се создаде интригантно мажествено искуство. Мирисот се отвора со зачинета доза на коријандер, кој е засилен од чистите ноти на алдехиди и истакнат од динамичноста на нота леден лимон. Во срцевината, ароматичниот флорален букет од лаванда и цветови од портокал е контрастиран со нота на кардамон, креирајќи софистицирана сензуалност. Овој мирис еволуира во дрвенеста основа составена од ноти на ветивер, кедрово дрво и ноти на мошус, додавајќи природна сензација на рафинираната композиција.

Дизајн

Елегантниот дизајн на пакувањето, доаѓа како инспирација од оригиналниот Instinct. Чистите линии на тешкото стаклено шишенце се надополнети со џусот во бледа килибарна боја и метално капаче во сребрена боја, кое одлично се вклопува со дизајнот. Елегантниот мажествен изглед е засилен и со етикетата на шишенцето во црна боја и елегантното црно пакување со етикета во мат сребрена боја, на која е испишан ексклузивниот статус на лимитирана едиција. На задната страна на пакувањето, исто така има и цитат од  David Beckham: „Who knows what’s next… that’s what’s exciting“, односно „Никој не знае што е следно… тоа е возбудливото“.

Кампања

Храбрата смисла за авантура на David е доловена во црно-белите рекламни фотографии, каде го гледаме облечен во црна кожна јакна, држејќи кацига од мотор, фотографиран пред широк пејзаж, со пат кој се протега далеку од него, симболизирајќи го патот на животот кој треба да се изоди.

Истражувај… сонувај… откривај… Скокни во авантура со Follow Your Instinct, новата лимитирана едиција од David Beckham.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *