Празнична шминка: ТОП совети за нанесување на светки на очите!

Се приближува сезоната на празници, која бара шминка за специјални прилики и гламур. Доволно е на вашата интензивна вечерна шминка да додадете светки и веднаш ќе заблеснете во празничниот дух. Нанесувањето на светки може да биде малку застрашувачко, особено ако никогаш досега не сте се сретнале со овие прашкасти производи за очи. Клучот е во изборот на вистинскиот лепак, кој светките ќе ги задржи цела ноќ на вашето лице!

Главниот совет при купување на светки за шминкање е да изберете козметички светки, специјално дизајнирани за нанесување на лице, очи и усни. Никако не употребувајте светки за нокти или декорации од типот „направи сам“, бидејќи тие не се безбедни за употреба на лице и може да ја оштетат или да предизвикаат иритација на кожата.

Нанесете светки на очите без мака!

Чекор 1: Одберете го вистинскиот лепак и база за сенка!

Најбитно е да одберете квалитетна база за сенка и лепак за светки кој не е премногу течен. Запомнете, базата за сенка е задолжителен производ пред нанесување на сенката. Сенката може да биде во неутрална боја на кожа, преку која ќе нанесете светки.

Секогаш кога нанесувате светки на очите, направете го тоа пред да ја нанесете течната пудра, за да го избегнете уништувањето на совршено нашминканиот тен на лицето.

Чекор 2: Нанесете сенка за очи!

За да постигнете светките да изгледаат подобро, секогаш нанесете сенка за очи, дури и онаа во боја на кожа. Можете исто така да направите smokey eye за специјални прилики, кои ќе го направат уште погламурозен вашиот празничен изглед. Поиграјте со боите на сенките.

Чекор 3: Нанесете лепак за светки!

Ако само ги нанесете светките над сенката, тие ќе испаднат. Затоа неопходно е да нанесете специјален лепак за светки над сенката, кој може да се најде во најблиската парфимерија. Користејќи прст, нанесете рамномерно од лепакот на целата површина на очниот капак.

Чекор 4: Тапкајте ги светките со рамна четка!

Земете синтетичка рамна четка, натопете ја во светките, истресете го вишокот. Рамната четка ќе ви даде подобар агол за да ги нанесете светките, но ќе го намали паѓањето на вишокот светки по лицето. Со нежни движења со тапкање залепете ги светките. Тие многу лесно ќе се залепат, но ако дел од светките ви испаднат по очите, лесно ќе ги отстраните со следниов трик!

Чекор 5: Отстранете го вишокот на светки!

Отстранувачот на светки е задолжителен ако ви се случи дел од светките да ви паднат под очите. Ефикасен начин за отстранување на светките е вишокот да го отстранете со помош на селотејп. Обвиткајте парче од селотејп на козметичко стапче околу главата и тркалајте го стапчето по местото каде ви отпаднаа светките, за да ги „залепите“ и отстранете од лицето.

Отстранување на светките!

Најефикасен начин за отстранување на светките е со користење на маслен отстранувач на шминка или кокосово или маслиново масло. Нанесете неколку капки на памучен туфер, нежно притиснете го на затворени очни капаци и почекајте околу една минута да се раствори лепакот. Цврсто притиснете го со прстите и повлечете го туферот на кој би требало да се наоѓаат светките.

Совет плус!

Светките можат да се закачат на вашите трепки, затоа маскарата нанесете ја на самиот крај, односно кога ќе завршите со нанесување на светките.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *