Најдобри совети за чистење на бјути блендер – без мака!

Омилениот сунѓер во форма на јајце за нанесување на шминка ги замени речиси сите четки за лице, бидејќи се покажа како совршена алатка за нанесување на течна пудра, коректор, камена пудра, контури и хајлајтер, а притоа сè изгледа совршено изблендирано! Сепак, најголема мана преставува како да го исчистите темелно, така што да не остане остаток шминка на него. Тука на помош пристигнуваат проверени и најефикасни трикови за чистење на бјути блендер!

4 ефикасни начини за чистење на бјути блендер!

# 1. Сапун против флеки на облека!

Ако вашиот класичен сапун не ги отстранува ефективно дамките од пудра, особено оние потешките – не очајувајте! Купете го најевтиниот сапун против флеки на облека и измијте го бјути блендерот со него. Резултатите треба да ве воодушеват, а вашиот бјути блендер ќе изгледа како нов!

# 2. Мешавина на масло и детергент за садови!

Ако дамките на вашиот бјути блендер се стари и засушени – ќе имате проблем да ги отстраните само со сапун и триење. Потребно е сунѓерот да го потопете во чаша или стаклен сад во кој ќе ставете мешавина од вода, масло за чистење на лице и неколку капки детергент за садови. Оставете да отстои половина час, а потоа исплакнете го темелно под млаз со вода. Маслото би требало да ја раствори засушената пудра, а детергентот да ја измие од површината.

# 3. Исчистете го во микробранова!

Овој вирален трик за чистење на бјути блендер беше објавен минатата година на Twitter и веднаш ги запали социјалните мрежи и бјути заедницата. Се работи за најбрз и најелегантен трик за истовремено чистење и дезинфекција на бјути блендерот.

Наполнете чаша или стаклен сад со вода, додадете малку течен детергент за садови и ставете го валканиот бјути блендер. Ставете ја чашата или стаклениот сад со сунѓерот во микробранова печка и вклучете ја на една минута. Кога ќе ја извадете чашата од микробрановата печка, внимавајте бидејќи водата е ВРЕЛА. Почекајте водата да олади за да го исцедите бјути блендерот. Ако останале некоја флека, повторете ја постапката. Ви гарантирам дека вашиот сунѓер ќе биде како нов!

Забелешка: Не ставајте го сунѓерот во микробранова печка без вода, бидејќи ќе се ИСТОПИ. Секогаш мора да биде во чаша со вода!

# 4. Потопете го во мицеларна вода!

Одличен начин да ја искористите мицеларната вода која не одговара на вашето лице и да го исчистите вашиот бјути блендер. Наполнете половина чаша со мицеларна вода и потопете го бјути блендерот. Оставете да отстои половина час и потоа исплакнете го со вода!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *