- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Сонот на секоја жена е да ја има за себе иконата во козметиката, Lancôme течната пудра Teint Idole Ultra Weear.

Дали постигнувањето на совршен тен е неостварлив сон?

Lancôme Teint Idole Ultra 24h течната пудра уште од 1997 година го докажува спротивното, подигнувајќи се повисоко. Нејзината култна формула најпрво овозможувала 14 часовна, а потоа и 18 часовна постојаност, додека сега овозможува 24 часа оптимална покривност, со беспрекорен тен без дополнително корегирање.

Повеќе од 20 години пудрата е непобедлива на пазарот!

Повеќе од 20 години козметичкиот бренд Lancôme преку Teint Idole пудрата е непобедлив на пазарот. Еден од најпродаваните производи на пазарот е токму Teint Idole Ultra течната пудра. Благодарение на сукцесивните откритија од истражувачките лаборатории на Lancôme границите за успешност се надминати. Создадена е течна пудра со единствена цел, а тоа е постигнување на совршеност!

- Реклама -

Впечатоци! Долготрајна перфекција е моето тајно оружје!

Најголем впечаток за мене при средбата со течната пудра е кристалното шишенце кое ги открива различните нијанси, а нејзиното црно лакирано капаче го украсува златна роза, култната Lancôme роза.

Не остава траги на облека, дури и на бела кошула!

Lancôme течната пудра е мојот избор, затоа што е задржана истата оптимална формула и прецизноста на боите, овозможувајќи совршен изглед, што се потврдува во секојдневното користење. Со користење на течната пудра сега постигнувам висока ефикасност при што вешто го избегнувам неприродниот сјај на лицето, а најголем бенефит е постојаноста и совршениот и беспрекорен тен.

Пудрата е со одлична покривна моќ, но истовремено со лесна текстура што овозможува кожата да ја чувствувам мека, постигнувајќи чувство на задоволство во текот на целиот ден. Со користење на пудрата сега постигнувам поедноставно од било кога мазен тен без чувство на тежина, како и изглед на моето лице кое може да се прилагоди за секоја пригода, од потполно природен до најсофистициран. Пудрата ја обожавам бидејќи наменета за сите типови на кожа на лицето и не остава траги на облека, дури и на бела кошула.

Секогаш спремна за селфи!

Мојата препорака за пудрата која кај нас е достапна во 9 нијанси, верувам ја исполнува потребата на секоја жена и нуди уште поедноставна примена на најсовремените техники. Сведок сум во последните неколку години како светот на декоративната козметика доживеа права револуција. Постојат нови правила на новата генерација, тие секогаш се спремни за селфи па затоа во потполност се промени начинот на шминкање, посебно кога станува збор за подлога. Додека претходно во мода беше класичниот тен, денес се нагласува изразувањето на сопствените ставови и особини, кои вклучуваат низа производи за добивање совршена подлога, кој овозможува впечатлив и препознатлив изглед, а тоа верувајте најлесно го постигнувам со Teint Idole Ultra Wear.

Формулата која никогаш не ме изневерува!

Teint Idole Ultra Wear како најдобар пријател и сојузник ќе им овозможи на жените да го изразат секој аспект на својата особина, благодарение на формулата која никогаш нема да ги изневери. Долготрајна перфекција ќе биде вашето тајно оружје, сакајќи да уживате во секој момент без компромиси.