- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Бјути трендовите во последниве неколку сезони се повеќе се свртуваат кон амбициозните течни пудри кои имаат предизвикувачки задачи: да обезбедат солидно или најдобро можно покривање на недостатоците на лицето, но во исто време да се лесни и речиси невидливи на кожата, со што се избегнува оној страшен ефект на маска на лицето. Целосното прикривање на несовршеностите е главна цел на повеќето течни пудри и голем број жени, порано или подоцна се префрлаат на течни пудри со висока покривност, со цел вистински да заблескаат во секоја прилика или за посебен повод каде што сакаат да имаат беспрекорна шминка. Течните пудри со висока покривна моќ, исто така многу се популарни во зимскиот период, но и во летните месеци, кога кожата многу подобро ги поднесува течните пудри со висока покривна моќ.

Течните пудри со висока покривна моќ не се избор на сите жени, но кога ќе се одлучат за нив често остануваат пријатно изненадени од тоа колку многу се прикриени недостатоците на лицето. Сепак, постојат некои златни правила за нанесување на течни пудри со висока покривна моќ за конечниот впечаток навистина да биде совршен. Сите правила и чекори за нанесување ќе ги откријам за вас.

Прв чекор: подгответе ја кожата на лицето!

Никогаш не заборавајте дека негата на кожата е клучен чекор во креирањето на совршена основа на вашето лице. Особено во постудените месеци, кога присуството на отворено и во загреани простории доведува до дехидрација и лупење на деликатната кожа – течната пудра во овој случај ќе ги потенцира сите недостатоци на лицето.

- Реклама -

Започнете со чистење на кожата, а избраниот чистач нека има некои хидрантни својства. Нежно втријте го во кожата, а потоа нежно исплакнете го лицето со топла вода.

Со кружни движења, нанесете навлажнувачки крем и добро втријте го во кожата за да може добро да се апсорбира.

Последниот чекор за нега на лицето е нанесување на илуминаторен-осветлувачки прајмер за лице. Тој не само што ќе го подготви лицето за нанесување на течна пудра и ќе ги измазни порите, но исто така ќе создаде прекрасен сјај на кожата кој ќе биде видлив под пудрата.

Втор чекор: Нанесување на течна пудра!

За да креирате беспрекорен HD впечаток на вашето лице, користете четка. Поточно, четка со рамен врв со која ќе нанесете течна пудра со мали, кратки и брзи движења. Започнете од средината на лицето и блендирајте ја пудрата до рабовите на лицето.

Нанесувањето на коректор оставете го за крај, односно по нанесувањето на течната пудра. Така најдобро ќе забележите каде навистина ви е потребен коректорот. Ќе ви треба многу помала количина на коректор отколку што очекувавте и ќе го избегнете оној тежок изглед на лицето, со слоеви на шминка која се вовлекува во фините линии и брчките.

Трет чекор: мејкап финиш на лицето!

Ви препорачувам да користите илуминаторен-осветлувачки коректор, за по нанесувањето на течната пудра го покриете црвенилото, мозолчиња и било која друга несовршеност што бара дополнително покривање. Ако сакате да ја максимизирате моќта на коректорот, оставете го да оксидира 30 секунди за да стане погуст и со уште поголема моќ на покривање. Впијте го со прстите во кожата, но со лесни движења за да не ја отстраните течната пудра што претходно ја нанесовте.

Следи мејкап финишот на лицето: ако сакате целата подлога да трае подолго на вашето лице, треба да ја фиксирате и да го матирате вашиот мејкап изглед. Со четка и пудра во прав поминете преку Т-зона и под очите – ќе добиете завршен сјај, но исто така ќе го ставите под контрола пределот на вашето лице кое обично се масти.