Течни пудри со прифатливи цени на кои секогаш може да сметаме!

Во бјути круговите до неодамна беше прифатено мислењето дека за добра течна пудра треба да се „искешира“. Во овој контекст се тврдело дека само high-end козметичките брендови нуделе „нешто посебно“, иако тогаш всушност течните пудри не биле усовршени како што се денес и фактот што не биле со толку многу иновации како денешниве. Во денешниве модерни времиња течните пудри можат се –  може беспрекорно да ги прикрие несовршеностите, може да бидат лесни на лицето и да овозможуваат на кожата да дише без затнување на порите и како последица на тоа будење на акни, може да бидат постојани многу долго на лицето, а сепак на крајот може да изгледаат природно без несаканиот ефект на маска. И не само тоа – може да бидат со прифатливи цени, што од сезона до сезона ни го докажуваат брендовите во најблиската парфимерија.

Течни пудри со прифатливи цени!

Денес, веќе не е тешко да се најде течна пудра која е добра и нема да го наруши вашиот буџет. Всушност, сега имаме уште еден голем проблем – како во морето на одлични пудри да ја пронајдете онаа совршена за себе. Како и секогаш решението е во експериментирање и тестирање! Секоја кожа е различна, меѓутоа и покрај ветувањето што одредена течна пудра го нуди, во нејзиното вистинско дејство може да се уверите дури кога ќе ја испробате на вашата кожа. Не само да ја пробате, но и да ја носите неколку дена и за одреден период да се уверите во нејзиниот ефект, како и фактот дали навистина одговара на вашиот тип и тон на кожа.

За вас ги пронајдов најдобрите фаворити и ви предлагам да ги пробате!

Сепак, за разлика од некогаш кога таквите експерименти чинеа скапо, сега дури и не ни е жал ако некоја течна пудра не ни одговара, бидејќи не сме платиле многу за неа и секогаш може да ја подариме на пријателката или колешката на која ќе и одговара. На полиците во најблиската парфимерија за вас веќе ги пронајдов најдобрите фаворити и ви предлагам неколку течни пудри со кои може да се обидете, доколку сакате да имате солидна до одлична течна пудра која нема да ве изневери.

L’Oréal Paris Infaillible долготрајна течна пудра

L’Oréal Paris Infaillible

Max Factor Radiant Lift Foundation хидрантна течна пудра со хиалурон и SPF 30

Max Factor Radiant Lift

Bourjois Healthy Mix хидрантна течна пудра

Bourjois Healthy Mix

Deborah 24 Ore Extra Cover 2 во 1 течна пудра и коректор со SPF 20

Deborah 24 Ore Extra Cover

Catrice HD Liquid Coverage матирачка течна пудра

Catrice HD

Rimmel Lasting Radiance средно покривна течна пудра со SPF 25

Rimmel Lasting Radiance

Revlon Cosmetics ColorStay™ долготрајна течна пудра

Revlon Cosmetics ColorStay™

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *