ТОП 5: Најиздржливи мат кармини!

Во секоја мејкап колекција, карминот е еден од оние производи за кои ќе посегнете кога сакате да го трансформирате вашиот мејкап изглед за да се чувствувате посебно и моќно. Од пудрести тонови кои со нежен слој на боја суптилно ќе ги нагласат усните до посебни интензивни и темни нијанси, карминот за усни е совршен зачин на секоја комбинација што како впечатливо парче на накит ќе привлече внимание, а покрај тоа нема да ви треба нешто друго. Светот на кармините е еден од најраскошните во светот на убавината, а освен богатата палета на бои, во која секој може да најде неколку совршени нијанси за себе кои совршено ќе одговараат не само на бојата на тенот, но и на целиот изглед и личен стил, светот на кармините носи неколку различни формули зад кои се крие посакуваниот ефект.

По неколку децении на владеење на кармините со кремаста текстура и со дискретен сјај, во последниве неколку години во центарот на повеќето најпосакувани мејкап трендови се истакнаа кармини за усни со ефективен и траен мат изглед.

Кармини за усни со мат ефект!

По топлите пролетни и летни денови, кога во мат кармините го пронајдовте оној совршен мејкап производ кој се задржуваше на вашите усни дури и за време на највисоките температури и освежувачки капења, кармините за усни во зимскиот период повторно се истакнуваат како еден од најпопуларните мејкап производи, бидејќи ја носат онаа совршена комбинација на ефективен изглед и издржливост со која ќе бидете сигурни дека на крајот од долгиот работен ден или празнични забави, карминот за усни ќе биде постојан и беспрекорен.

Кои мат камини се покажаа во потрагата за совршен кармин?

Поголемиот дел од мат кармините ќе ви понудат ефективен изглед, но само неколку најдобри се истакнуваат со својата издржливост која овозможува вашиот омилен мат кармин да се задржи на усните од утро до вечер. Од омилените кармини кои можете да ги најдете во вашата најблиска парфимерија, кои се прифатливи за пошироката публика до луксузните мат кармини потпишани од страна на престижните брендови, во продолжение ви нудам избор на петте најдобри мат кармини за усни на кои секогаш можете да сметате.

Maybelline Superstay Matte Ink Liquid Lipstick
Maybelline Superstay Matte Ink Liquid Lipstick
Bourjois Rouge Edition Velvet
Maybelline Superstay Matte Ink Liquid Lipstick
YSL Beauty Tatouage Couture Liquid Matte Lip Stain
YSL Beauty Tatouage Couture Liquid Matte Lip Stain
Bobbi Brown Luxe Liquid Lip Velvet Matte
Bobbi Brown Luxe Liquid Lip Velvet Matte
Mac Matte Lipstick
Mac Matte Lipstick

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *