- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Машкиот мирис Issey Miyake Nuit d’Issey Pulse Of The Night ја претставува фасцинантната моќ на ноќта, опишана со мирисен коктел од пикантни, кожно-дрвенести ароми. Мирисната композиција со своите ноти ги изразува животинските инстинкти на Nuit d’Issey и Nuit D’Issey Parfum изданијата, но сега нагласени со топлината на килибарот обвиткан со кожна наметка.

Парфем за мажи кој ја обработува темната страна за ноќта!

Issey Miyake Nuit d’Issey Pulse Of The Night како мирисно надополнување на оригиналното издание Nuit d’Issey од 2014 година, одново ја обработува темата за ноќта, базирана на ноти на кожа, тонка зрна со бленд на дрвенести нијанси. Овој пат, композицијата се отвора со аромите на olibanum, додека срцето зрачи со слатки зрна од тонка, топол пачули и со ориентална топлина на килибар. Кога дрвенестите и кожните ноти во основата стануваат суви и бледи, моќниот акорд на ветивер, ванила и сандаловина одново ја зајакнуваат нивната сила, обвиткувајќи ги сензуално.

Шишето изработено од стакло во црна боја алудира на ноќта!

Шишенцето за Nuit d’Issey Pulse Of The Night мирисот е изработено од стакло во црна боја, алудирајќи на ноќта, додека златните линии со кои е декорирано шишенцето се интерпретација на месечината.

- Реклама -

Мирисот Nuit d’Issey Pulse Of The Night е достапен во шишенца од 100ml, како Eau de Parfum.