- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

За фиксаторите за шминка може да се каже дека тие се “подалечни членови” на секое мејкап семејство. Што значи тоа? Ако не сте преголем фанатик за шминка и вашиот мејкап изглед го сведувате на неколку производи, мали се шансите дека досега сте го сметале фиксаторот за важен дел од вашата мејкап рутина. Но, тој навистина совршено може да послужи, бидејќи како самото име ни кажува, ја фиксира шминката на лицето и ја прави долготрајна, во најдобар случај фиксираниот мејкап изглед ќе трае цел ден.

Фиксаторот всушност ја “заклучува” шминката што ја нанесувате на лицето, ја прави долготрајна и отпорна на било какви услови. Ефектот на фиксаторот најдобро ќе го забележите во “екстремни” прилики. Особено во летните месеци, кога имате впечаток дека шминката за неколку часа буквално ќе исчезне од лицето или кога ви е од суштинско значење мејкап изгледот што сте го направиле да издржи повеќе часа поради тоа што пред вас е некоја важна прилика. Во сите овие ситуации фиксаторот станува најдобар пријател на секој козметички несесер.

Постојат многу мејкап трикови поврзани со фиксатор кои можете да ги пронајдете на интернет. Еден што се издвојува од масата е оној кој ќе го направи коректорот кој го нанесувате околу очите значително подолготраен. Едноставно измешајте го вашиот коректор со неколку капки од фиксаторот и ќе добиете коректор кој не се вовлекува во фините линии околу очите и трае со часови, без страв од лизгање од лицето.

- Реклама -

Urban Decay All Nighter Long Lasting Setting Spray

Постојат неколку фиксатори кои во мејкап круговите претставуваат свет грал, а прв меѓу нив е дефинитивно All Nighter фиксаторот на брендот Urban Decay.

Овој бренд има различни фиксатори и може да избере во зависност од она што ви треба: сакате фиксатор кој ќе го контролира лачењето на себумот или оној што ќе ја хидрира кожата. Покрај нив All Nighter фиксаторот најдобро си ја исполнува својата функција. Се нанесува по завршувањето на мејкап изгледот во форма на спреј и не остава чувство на тежина на лицето, бидејќи многу е лесен, а шминката ја прави неверојатно долготрајна.

MAC Prep + Prime Fix+

Од MAC Cosmetic ви го претставувам нивниот најпродаван производ, вистински бестселер, производ кој мора да го имате, MAC Prep + Prime Fix+.

Fix + е лесен фиксатор во спреј збогатен со витамини и минерали, со мешавина од зелен чај, камилица и краставица. Дава хидратација и свежина на кожата, воедно обезбедува природен сјај на лицето, ја сетира шминката и ја прави долготрајна до 12 часа. Спрејот можете да го користите во комбинација со други мејкап производи на многу начини: за да постигнете поинтензивна боја на сенката за очи и хајлајтерот, да ја освежите и сетирате шминката или да и дадете екстра хидратација на вашата уморна кожа.

Catrice Prime And Fine Anti-Shine Fixing Spray

Catrice Prime And Fine Anti-Shine е фиксатор во спреј кој совршено се надополнува со Prime and Fine Anti Shine базата за лице. Мат финиш на вашиот мејкап изглед? Матирачкиот спреј е вистински избор. Го освежува лицето и ја продолжува долготрајноста на шминката. Порите се видливо измазнати за беспрекорен изглед.

Essence Instant Matt Makeup Setting Spray

Essence Instant Matt make-up setting е лесен, транспарентен фиксатор во спреј, збогатен со природен комплекс на активни состојки, кои го матираат изгледот на шминката, ја сетираат шминката и ја прават да трае подолго.

Aura Fix ME! Make up fixing Spray

Aura Fix ME! Make up fixing спрејот при нанесувањето формира тенок невидлив филм кој ќе ја фиксира шминката и ќе ја направи издржлива и отпорна на топлина. Фиксаторот е во спреј, затоа неговото нанесување е рамномерно по целото лице без да остава дамки. Погоден е за сите типови на кожа и е лесно се отстранува без потреба од средства за отстранување на шминка.