Чудовишта на Nina Ricci, нови волшебни  суштества! Nina Les Monstres

Чудовишта на Nina Ricci, нови волшебни  суштества!

Брендот Nina Ricci во почетокот на 2018 година, ќе претстави две нови лимитирани едиции на Les Belles de Nina парфемите, односно на Nina од 2006 и Luna од 2016 година со име Les Monstres de Nina Ricci во шишиња дизајнирани од страна на бразилските уметници Ana Strumpf и Guto Requena. 

Nina Les Monstres

Nina Les Monstres de Nina Ricci едицијата е слатко цветно-овошен мирис кој ги комбинира мирисните ноти на круша, црна рибизла, шеќерна пена, божур и пралина, што е креација потпишана од страна на парфимерот Olivier Cresp. Шишето во облик на јаболко е украсено со илустрација на жолти очи и црвена пуфна на вратот од шишето.

Luna Les Monstres

Luna Les Monstres de Nina Ricci е гурманска комбинација на свежи овошни ароми на ананас и лимета со слатки акорди на карамела. Шише е дизајнирано како сино јаболко со нацртани розови очи и сина пуфна на вратот околу шишето. Мирисот го создадоа парфимерите Christophe Raynaud и Marie Salamagne.

Les Monstres de Nina Ricci мирисите се достапни од јануари 2018 година, како 50 и 80 ml Eau de Toilette.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *