- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Кои бои на шминка најдобро одговараат на дамите со црна коса?

Бојата на вашата коса е главен фактор што треба да го земете во предвид при изборот на нијансите што ќе ги употребите при креирање на вашиот мејкап изглед. Бојата на косата честопати ќе диктира кои нијанси ќе ги употребите. За вас ќе споделам неколку совети за тоа кои бои на шминка најдобро одговараат на дамите со црна коса.

Црнокоса

Очи

Кај црнокосите изборот на нијанси на сенки за очи е многу лесен, бидејќи палетата на бои кои одговараат на вашата коса е многу голем. На вашата коса одговараат скоро сите нијанси на сенки, затоа тешко дека некогаш ќе направите погрешен избор.

Јас најмногу ви го препорачувам класичниот smokey eyes мејкап изглед, бидејќи постигнувате ефект на потенцирање на вашите очи. Едноставо послужете се со темно сива или темно сина сенка и употребете црно моливче за очи, заедно со туш за очи. Ви препорачувам да одберете квалитетна маскара која ќе го зголеми волуменот на вашите трепки.

Лице

Руменилото во розова или корална боја ќе донесе топлина на вашето лице. Кога станува збор за бронзерот, најдобро е да одберете посветла или неутрална нијанса.

- Реклама -

Усни

За дамите со црна коса се препорачува црвен кармин. Каква било нијанса да одберете нема да згрешите. Вашите усни ќе имаат совршен сјај и ќе направат да изгледате неодоливо. Ако се решите да ги истакнете очите со темни бои, тогаш најдобро е само да ставите сјај за усни во розова или корална боја за да не го одвлекувате вниманието од очите. Доколку се одлучите за помалку шминка на очите, можете да ги истакнете усните со црвен кармин.

Но за вечерно излегување и за храбар мекјап изглед, може да постигните одличен ефект ако на вашата црна коса ги нагласите очите со смоки ефект, усните со црвен кармин и секако ноктите со темна нијанса.