Што има ново? Нов Bourjois Rouge Fabuleux кармин за усни!

Дали новиот кармин за усни, кремаст и сатенски со формула од бајките може да ги исполни вашите три најголеми желби: феноменална боја, феноменална пријатност и феноменална постојаност? Ви го претставувам Rouge Fabuleux од Bourjois.

Верувате во магија?

Bourjois Rouge Fabuleux е новиот, кремаст и сатенски кармин од Bourjois, кој нуди феноменални боја, феноменална пријатност и феноменална постојаност. Неговата формула е збогатена со висока концентрација на заситени пигменти за интензивна и сјајна боја во секоја од 12 нијанси кои се движат од суптилни до впечатливи, како и хранливо масло од марула кое ги хидрира и негува усните секој ден. Додадете го на тоа и прекрасното лесно чувство на усните и исклучителната издржливост до 10 часа, тогаш вашите усни навистина можат да имаат сè што им е потребно!

Феноменална боја!

Високата концентрација на заситени пигменти значи дека Rouge Fabuleux нуди прекрасна интензивна, сјајна боја во секоја од 12 нијанси кои се движат од суптилни до впечатливи.

Помеѓу другите, тука се: Abracadabeige! (01) – едвај забележлива беж нијанса за вашите усни – само уште подобра; Sleeping Beauty (06) – совршена розова за секој ден; Cindered-lla (011) – класична црвена; Plum plum pidou (15) – смирувачки виолетова.

Започнете да ги собирате!

Феноменална пријатност!

Формулата на Rouge Fabuleux е збогатена со скапоцено масло од марула, кое одамна е познато по своето интензивно хранливо својство и моќ на хидратација на усните. Придобивките од ова масло во комбинација со неверојатно лесна текстура, гарантира дека Rouge Fabuleux идеално ги навлажнува усните и им дава пријатно чувство, скоро како да се без шминка.

Феноменална постојаност!

Феноменална издржливост! Вашата трета желба е исполета благодарение на неверојатната моќ на постојаност на Rouge Fabuleux која претрпе голем број на тестови за да понуди до 10 часа беспрекорна боја, што е извонреден резултат за сатенска формула.

Што уште може да посакате?!

Можеби феноменална амбалажа? Карминот Rouge Fabuleux ја исполнува оваа желба со својата тенка црна форма, кој во долниот дел е обоен со боја на карминот за да го олесни изборот на посакуваната нијанса. Кармин е специјално дизајниран да овозможи многу прецизно нанесување, лесно можете да ги обликувате вашите усни и да ги пополните со боја.

Боја, пријатност, постојаност! Сега вашите усни имаат сè што им е потребно. Со Rouge Fabuleux ќе бидете убави засекогаш!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *