- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Преферираниот избор на мирис е чин кој најчесто е поврзан со емоции, влијание кое е воедно лично и универзално. Последната прошетка на Escada до женското срце резултира со уште едно дополнување во нивната 2018 летна едиција на мириси со лансирањето на Sorbetto Rosso. Исто како интензивна и незаборавна летна авантура, така и лимитираното летно издание на Escada е синоним за летен одмор: егзотичен, сензуален и привлечен.

Афера за паметење!

Брендот Escada е уникатен и познат по тоа што е првиот бренд кој лансира парфеми кои токму како летна авантура, траат само една сезона. Пионер на овој револуционерен концепт е Margaretha Ley, поранешен шведски модел, а потоа и главен дизајнер.

Повеќе од 25 години по лансирањето на Chiffon Sorbet, нејзиното наследство продолжува, откако сезонските лимитирани едиции на Escada стануваат едни од најуспешните летни парфемски линии во парфумерската индустрија. Евоцирајќи го вистинскиот дух на Амалфијското крајбрежје и уживањето во италијанскиот убав живот, новата Escada Sorbetto Rosso е мирис на задоволство и радост. Пенлив и спонтан, парфем кој ве прави среќни.

Jа носи жената со авантуристички дух на летната дестинација од нејзините соништа!

Во срцевината на мирисот се наоѓа лубеницата, овошје кое во лето најдобро ја згаснува жедта и не освежува. Со цел да се истакне и во прв план во Sorbetto Rosso да доминираат овошните, вкусни, сочни и зелени ноти на лубеница, истакнатиот парфумерист Richard Herpin на маестрален и експертски начин ги поткрепи овошните ноти со додавање на состојки кои ќе ги истакнат многуте страни на истите. За да се зголеми освежителната и водеста страна на овошјето, тој одбира мандарина и Calone, додека сочна круша, црвено јаболко и пралина, ја поткрепуваат гурманската и благата страна на овошјето. Конечно, тој додал Tiare цвет, мошус и амброкс со цел да донесе сензалност и комфорт на парфемот. Резултатот ја носи жената со авантуристички дух на летната дестинација од нејзините соништа, овозможувајќи и многу нежни и среќни спомени.

На шишенцето се наоѓа слика од совршено летно овошје!

Култното шишенце е создадено според суштината на парфемот, со тоа што на истиот се наоѓа слика од совршеното летно овошје, лубеницата. Данскиот дизајнер Mads Berg на креативен начин создава хармонија помеѓу убавината на жената и убавината на природата. Постигнатиот баланс овозможува импресија на евоцирачките летни бои, а пренесува и чувство на слобода и препуштање, надополнето со доза спокојство и мир. Начинот на кој Mads Berg ја опишува Escada жената е повеќе од удобен, откако таа пристигнува на летната дестинација од нејзините соништа.

- Реклама -

Композиција која веднаш го обзема вашето срце!

Впуштена во летен флерт со Sorbetto Rosso, Escada жената ќе почувствува чувство на препуштање во непознатите води на новото лето, полно со шанси и можности мирисно парување. Sorbetto Rosso е мирис полн со задоволство и радост, композиција која веднаш го обзема вашето срце.