- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Подготовките за Велигден се надевам дека се при крај, а зошто освен во домот и на празничната трпеза, оваа година Велигден да не биде и на – ноктите? Социјалните мрежи се вистински извор на инспирација за најубави нокти, а во пресрет на велигденските празници, ги издвоив оние најубавите што ќе посакате да ги носите оваа пролет. Интензивни бои како жолта и портокалова, пастелни тонови, цвеќиња, точки… Дозволено е баш се! Ако ви остана малку инспирација од боењето на јајца, слободно пренесете ја на вашите нокти, бидејќи тие се мотив совршен за пролет. Постои само едно правило – што повеќе шарено, толку подобро!

Фантазија по ваш избор: Што повеќе шарено, толку подобро!

Дамите кои немаат вешти раце може да се послужат со најлесниот трик и едноставно секој нокт да го обојат во различна боја – пастелно зелена, жолта, сина, розова… Таквиот маникир готов е за момент, а ноктите изгледаат како велигденски јајца. Дополнителен плус е тоа што оваа сезона тоа е голем хит!

Посебно е добро што празничниот велигденски маникир може да се носи и кога ќе помине Велигден, односно цела пролет. Бидејќи овој маникир сосема е впечатлив и необичен, вистински одмор од класиката, би можело да се случи да се заситите, па затоа само променете ги мотивите. Зошто да одберете само еден кога тешко е да се каже што повеќе е шармантно – нека точките се заменат со цветчиња, а жолтата и портокаловата нијанса со пастелни тонови.

- Реклама -

Ако не сте највешти, побарајте помош од пријателка, сестра, мајка! За што и да се одлучите, најпрвин ви треба инспирација. На социјалните мрежи ги пронајдов најубавите мотиви и навистина е тешко да се одлучи само за еден!