- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Bruno Banani е мирисен бренд кој знае како да ви измами насмевка. Со својот несериозен стил, брендот гледа на светот на свој, сосема опуштен начин, секогаш спремен да не биде сфатен премногу сериозно. За Bruno Banani не е важно што правите, туку како го правите тоа, притоа цело време потсетувајќи ги своите фанови да не ги сфаќаат работите премногу сериозно и да веруваат во својата дрскост. Останатото ќе си дојде само по себе. Учете од брендот кој е познат како необичен и кој има дрзок идентитет.

Со No Limits мирисите Bruno Banani оди над границите!

Класичните Bruno Banani мириси за мажи и жени веќе зрачат со самодоверба, тие се неконвенционални, овозможувајќи му на оној кој ги носи на себе да го слави животот, живеејќи на лимит, но со No Limits мирисите Bruno Banani оди дури и над тие граници. Со No Limits Man и No Limits Woman повеќе нема да има граници за време на дивите ноќи кои ја откриваат дивата страна кај секого. Мирисите во фенси пакување, кои оставаат трага и во бањата и на кожата, ќе бидат нешто што секој фан на Bruno Banani, а и оној кој тоа не е ќе мора да го има.

Забава на див начин!

Во животот има повеќе од тоа да се биде само умен и примерен во текот на денот. Долгите и диви ноќи се она што не прави да се чувствуваме слободни. Нуркајќи во ноќниот живот, ослободувајќи се од секојдневните рестрикции може да биде многу ослободувачки. Заради тоа, Bruno Banani ги проби сите граници и го направи тоа чувство прифатливо преку неговите строго ограничени хипнотизирачки и секси мириси.

Оди на забава или оди дома!

Ослободи ја твојата внатрешна дива страна и оди над своите граници со двата нови члена во фамилијата на Bruno Banani. Овие возбудливи мириси доаѓаат во многу препознатливи пакувања со животински мотиви, потсетувајќи не колку може да биде забавно ноќното излегување: диво, заведувачко, слободно и смело.

No Limits Woman

Кога таа ќе влезе во клуб, многу глави се вртат по неа. Секси и опасна, таа е спремна за незаборавна ноќ. Таа знае како да ја ослободи својата дива страна. Силината на идентитетот која ја дава невенот поврзан со соковите од мандарина го даваат првиот див и пенлив впечаток на композицијата. Специфичниот акорд од праска само го забрзува подоцнежниот пулс на какаото. Опивачката мистерија на ванилата и мирисот на свежа малина ја откриваат совршената и опасна женственоста на No Limits Woman.

- Реклама -

No Limits Man

Облечен во мотиви со змиски принт, но сепак привлечен, тој знае како да створи тренд. Со неговиот хипнотизирачки сјај, тој е секогаш онаму каде што се создава магијата. Мажествениот став на No Limits Man се покажува уште на самото отворање на мирисот преку енергичната овошна свежина на акордите на гуараната споени со оние на црвеното јаболко и измешани со изненадувачки вкусните акорди на орев. Хипнотизирачката моќ на gaiac дрвото и харизмата на потписот од ветивер на мирисот му даваат еден незаборавен мажествен белег кој може да ја разбуди дивата страна кај секого.