- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Дали можат да го победат оригиналот? CK Obsessed women & men

Може да се каже дека бевме опседнати со легендарниот Obsession од Calvin Klein. Ако по нешто беше препознатлив Calvin Klein, тоа беше Obsession кампањата со Kate Moss. Живееше во нашите глави многу години и стана стандард за сензуалност.

Денес како наследник на оригиналниот култен мирис, новиот Obsessed претставува сеќавање на спомени преку мирис. Obsessed може да се смета како славење на поранешните, сегашните и идните мириси на Calvin Klein. Obsessed е приказна за тоа како спомените, сензуалното и визуелното се испреплетуваат денес.

Отсекогаш ги обожавав зачинетите ароми на класикот CK Obsession за мажи (лаванда, морско оревче и коријандер) и женскиот (егзотични зачини и килибар). Тие се класични, софистицирани ноти и иако долго време се на присутни, тие никогаш не стареат.

Со претпазливост гледам кон новите парфеми на Calvin Klein.

- Реклама -

Дали можат да го победат оригиналот?

Шишенцата се совршени во својата едноставност!

Прво нешто што забележувам е дека шишенцата на Obsessed овојпат се позаоблени и целосно проѕирни, тие се ехо на оригиналите, но овој пат тие се транспарентни, не давајќи навестување за тоа како ќе мириса парфемот. Тоа е оставено на својата имагинација. Шишенцата се совршени во својата едноставност.

Obsessed за жени! Како што кажува самото име сега сум зависна од него!

Го мириснав Obsessed за жени. Веднаш бев зашеметена од зачинетите ароми, а ледената свежина се разбуди на моето лице. Тоа се длабоко сензуални ноти и можам да кажам дека тоа е најубавиот мирис во моментов. Јас го носам и како што кажува самото име сега сум зависна од него, навистина. Мирисот е освежувачки за секој ден и доволно егзотичен за вечерните часови.
Мирисот е формиран околу основата од бела лаванда, додека кремастиот мошус се обвиткува и додава сензуалност на мирисот.

Постојаноста на парфемот е долготрајна, можам да потврдам, се чувствува цел ден.

Obsessed за мажи! Мажи мислам дека вашиот свет ќе се промени засекогаш!

Во парфемот Obsessed за мажи, на почеток доминира нотата од грејпфрут што се чувствува. Тој е прекрасен и остар и веднаш ме возбуди… и кога ќе се осетат ванилата и црниот бибер – добро, мажи мислам дека вашиот свет ќе се промени засекогаш. Мажите ќе се воодушеват од него, тој сигурно ќе биде кандидат за мирис со кој ќе бидете опседнати.

Зошто ми се допаѓаат?

Точно е дека парфемите предизвикува силни спомени, како со мојата романса со OBSESSION пред многу години. Поради тоа, овој двоец на парфеми ми го привлекуваат вниманието од носталгична перспектива и од фактот дека Calvin Klein не може да направи ништо лошо кога станува збор за модата.