- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Сигурно знаете дека сјајни и полни усни се апсолутна мода во новата сезона, затоа неопходно е во својата колекција на кармини да ги имате оние со многу висок сјај. Кармините кои ја кријат формулата на мулти-димензионален сјај гарантираат дека вашите усни ќе добијат чиста десетка на тестот за заводливост.

Glossy look – Сјаен изглед во боите што ќе ги обожаваш!

Светските трендсетери се многу јасни: на вашите усни мора да имате црвена, розова, нуд, корална или праска боја на карминот. Со тие бои сè почнува и сè завршува, бидејќи природниот освежувачки мејкап изглед дефинитивно ќе ја означи сезоната пред нас. Пролетта нè враќа со повеќе нежни нијанси, но уште поважно, ни нуди формули исполнети со прекрасен сјај.

Со неколку неизбежни црвени класици, меѓу кои и онаа со најжестоката нијанса со допир од портокал, на вашите усни ќе изгледа особено елегантно, опуштено и многу секси!

- Реклама -

Вистинскиот тренд за убавина се крие во нежни, розови кармини со пудрести тонови во најсјајни изданија. Овие нијанси ќе ви дадат совршен конечен допир за совршен природен изглед, кој ќе доминираат меѓу жените ширум светот оваа сезона.

На крај, меѓу омилените подтонови на нуд кармините е и слатката, фасцинатна боја на праска, која ќе им даде на вашите усни привлечен изглед и посебна топлина на вашето лице.

Се враќаат сјајните усни!

Исклучително сјајниот изглед гарантира дека вашите усни ќе изгледаат сочно-влажно и сосема неодоливо, а особено добар впечаток ќе оставите ако преку вашиот омилен кармин нанесете сјај за усни. Освен што ефектот е неверојатно секси, со овој потег целосно ќе ги следите светските мејкап трендови.

Не сакате кармини, или едноставно не сакате кога вашиот кармин се размачкува? Во овој случај, доволно е транспарентен или сјај во боја да го размачкате на вашите голи усни. Ако станува збор за вечерна варијанта, слободно земете сјај за усни со светки.

Меки, сјајни и блескави усни – никој нема да одолее оваа сезона!

Ммм… Усни!