- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

MAC Cosmetics е бренд за убавина кој долги години е познат по иновациите во мејкап индустријата, но исто така и поради постојаните лансирања на нови мејкап колекции кои носат многу голема возбуда со светот на козметиката. Соработката со познати личности при лансирањето на мејкап колекциите особено е значајно во работата на брендот, а оваа година MAC се погрижи сите да зборуваат на него, благодарение на многу очекуваната мејкап колекција, која беше претставена како омаж за една од иконите на златното време на хип хоп и r’n’b од 90тите, – Aaliyah.

Препознатлива по својот стил и убавина кој стана нејзин заштитен знак!

Иако повеќе не е со нас, духот на харизматичната Aaliyah некако се уште живее со нас, а нејзините песни станаа икони, кои се слушаат и денес. Освен по музиката, Aaliyah беше позната и препознатлива по својот стил и убавина кој стана нејзин заштитен знак. До мејкап колекцијата на MAC посветена на нејзиниот лик и дело, дојде благодарение на интернетот, односно после интернет петицијата покрената од фановите на Aaliyah. Собрани беа дури 26.200 потписи, а истата ја подржаа: Rashad Haughton, братот на познатата музичарка, нејзината најдобра пријателка Missy Elliot и нејзиниот мејкап артист Eric Ferrell.

Производи инспирирани од мејкап изгледот што најмногу сакаше да го носи!

Колекцијата беше направена уште во август 2017 година, првиот слики можевме да ги видиме во април оваа година, за конечно деновиве колекцијата на Aaliyah ја виде светлината во MAC продавниците низ целиот свет. Производите во збирката не се случајно избрани, бидејќи тие се инспирирани од мејкап изгледот што најмногу сакаше да го носи Aaliyah, но исто така тука се  MAC производите што таа најмногу ги сакаше.

- Реклама -

MAC x Aaliyah Makeup Collaboration!

Колекцијата е составена од моливи за усни, кармини, сјаеви за усни, палетата со сенки и бронзер и сите во интензивна црвена, со нуд нијанси и многу драматични тонови.