10 кармини за усни кои морате да ги имате пред Нова Година!

Од предизвикувачкиот црвен кармин до загасито љубичест, сите овие нијанси треба да ги имате во вашиот козметички несесер за зимскиот мејакп изглед да биде беспрекорен. Празниците кои се пред нас и бројните прослави на кои треба да блеснете бараат стајлинг кој остава без здив. Раскош и нега во овие прилики се неопходни. Без квалитетен кармин што ја подигнува и ја заокружува целата комбинација не можете да очекувате дека шармот и убавината ќе дојдат до израз.

Важно е шминката совршено да се вклопи со облеката, бидејќи освен што ги крие недостатоците и ги нагласува атрибутите, шминката е парче накит без кој не можете да блеснете со вашиот изглед. Празничниот и зимски изглед бараат малку „потешка“ шминка и похрабар пристап, затоа важно е складно да се вклопат сите детали во завршниот впечаток кој останува запазен.

Елегантни усни нагласени со проверен кармин се сигурна карта за играње кога во прашање е деликатен мејкап изглед. Посебните прилики бараат посебни кармини, па затоа подолу  ви претставувам десет магични мејкап производи кои ќе го направат секој изглед магичен.

Yves Saint Laurent The Slim Matte кармин

Овој кармин е создаден за дамите со изграден стил, кои го ценат квалитетот и функционалноста. Не само што необичниот облик на карминот помага во создавањето на исклучително остри линии околу рабовите, исто така пакувањето на карминот изгледа толку поженствено од било кој друг кармин што некогаш сте го виделе.

Yves Saint Laurent The Slim Matte кармин

Max Factor Lipfinity Lip Colour 24hrs кармин 108 Frivolous

Совршената боја на слива на овој 24 часовен кармин е премногу убава и одлично се вклопува во зимскиот период. Неговата текстура ќе ги направи вашите усни совршено нагласени и постојани, што цела зима нема да се одвојувате од него.

Max Factor Lipfinity Lip Colour 24hrs кармин 108 Frivolous

Fenty Beauty By Rihanna Mattemoiselle Plush Matte кармин

Надградите го вашиот нуд кармин за усни со загасита нијанса на боја на тиква оваа зима. Се постигнува истиот ефект, но малку повеќе свечен.

Fenty Beauty By Rihanna Mattemoiselle Plush Matte кармин

Dior Ultra Rouge кармин Ultra Night

Црниот кармин се врати на голема врата, без разлика дали ви се допаѓа или не. Но, сигурно ќе станете најголем обожавател на црн кармин, кога ќе го пробате со оваа ултра-навлажнувачка и пигментирана формула.

Dior Ultra Rouge кармин Ultra Night

Maybelline Color Sensational Shine Compulsion кармин Berry Blackmail

Оваа формула е како сјај за усни, балсам и кармин во едно. Во најубавата нијанса на бобичесто овошје што изгледа шик на сите тонови на кожата.

Maybelline Color Sensational Shine Compulsion кармин Berry Blackmail

Bobbi Brown Luxe Liquid Lip High Shine кармин

Долготраен течен кармин за усни што ги хидрира усните и ги прави уште повеќе сензуални.

Bobbi Brown Luxe Liquid Lip High Shine кармин

Mac Cosmetics Powder Kiss кармин

Мат кармин, кој е мек и луксузен, но никако пудрест и сув. Мислев дека е невозможно се додека не ја пробав новата формула од MAC.

Mac Cosmetics Powder Kiss кармин

Chanel Rouge Allure Velvet Extreme Intense Matte кармин

Електрично црвена или портокалова нијанса на кармин со совршена долготрајна матирачка  формула која секоја зимска комбинација ја подигнува на повисоко ниво.

Chanel Rouge Allure Velvet Extreme Intense Matte кармин

Bourjois Rouge Edition Velvet кармин 07

Формула за постигнување на кадифени усни со мат ефект и боја која трае со часови.

Bourjois Rouge Edition Velvet кармин 07

Lancôme L’Absolu Rouge x Camila Coelho кармин

Секој има потреба од најмалку еден кармин со боја на слива за есен и зима. Ми се допаѓа оваа нова нијанса од Lancôme, настаната под влијание на Camila Coelho. Во само еден чекор од примената на карминот остава неверојатен слој на пигмент.

Lancôme L’Absolu Rouge x Camila Coelho кармин

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *