10 кармини кои имаат статус на класици во козметичкиот несесер!

Во светот на модата и во светот на убавината постојат некои класици кои се безвременски и во секое годишно време и во различни прилики изгледаат – фантастично! Кога станува збор за убавината, таков култен статус има црвениот кармин. Жените едноставно го сакаат, бидејќи има моќ во секунда да ја освежи и наједноставната комбинација. Не знаете како да се нашминкате? Изберете црвен кармин! Гардеробата ви изгледа досадно? Заокружете го вашиот изглед со црвен кармин! Црвената боја во исто време е атрактивна, предизвикувачка, бунтовна, елегантна и дамска, а ретко кој производ предизвикува толку многу епитети. Она по што црвениот кармин е посебен е фактот дека статусот на класик го нема само во светот на убавината, туку ги премина границите и стана синоним за самодоверба и гламур.

Прекрасни црвени нијанси со различни текстури!

Се разбира, црвениот кармин има ваков „третман“, затоа што им одговара на сите, само потребно е да го одберете вистинскиот производ за себе. Сепак, ова не е проблем бидејќи во парфимериите се достапни најразновидни нијанси, почнувајќи од раскошни кремасти текстури до течни кармини со кадифен ефект.

Листата на најпопуларните црвени кармини дефинитивно е предводена од карминот на брендот Dior со нијансата 999, проследен со хит црвената Ruby Woo со потпис на брендот MAC. Многу обожавана нијанса кај дамите е 45 Rouge Tuxedo од YSL Rouge Volupté линијата на кармини. Исто така одвоив еден кармин со прифатлива цена – Rouge Edition Velvet со нијанса 01 Personne ne Rouge од брендот Bourjois, кој може да го пронајдете во најблиската парфимерија.

Во продолжение за вас издвоив 10 одлични кармини кои го имаат статусот на класици во козметичкиот несесер и ако не сте ги пробале досега, ова е вистинско време затоа што навистина ќе ги обожавате!

Dior Rouge Dior 999

Dior Rouge Dior 999

Chanel Rouge Allure 99 Pirate

Chanel Rouge Allure 99 Pirate

Lancôme L’Absolu Rouge Hydrating Shaping 132 Caprice

Lancôme L’Absolu Rouge Hydrating Shaping 132 Caprice

MAC Matte Lipstick Ruby Woo

MAC Matte Lipstick Ruby Woo

Estée Lauder Pure Color Love

Estée Lauder Pure Color Love

Lancôme L’Absolu Lacquer Be Happy

Lancôme L’Absolu Lacquer Be Happy

Yves Saint Laurent Rouge Pur Couture Satin Radiance 01 Le Rouge

Yves Saint Laurent Rouge Pur Couture Satin Radiance 01 Le Rouge

Guerlain Lipstick KissKiss Love Kiss

Guerlain Lipstick KissKiss Love Kiss

Yves Saint Laurent Rouge Volupté 45 Rouge Tuxedo

Yves Saint Laurent Rouge Volupté 45 Rouge Tuxedo

Bourjois Rouge Edition Velvet 01 Personne ne Rouge

Bourjois Rouge Edition Velvet 01 Personne ne Rouge

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *