- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Парфемите не ги купуваме само поради неодоливиот мирис, него ги сакаме поради необичните шишенца, но овие 10 луди креации на шишенца со парфем веројатно ќе ви привлечат големо внимание.

Парфемските шишенца обично само ја исполнуваат целта за што се направени, носење и штитење на парфемот. Сепак дизајнерите при создавање на парфемот, од шишето на парфемот понекогаш создаваат чудни дела, па наместо да се грижат само за заштитата на парфемот, тие создаваат шишенца кои стануваат колекционерски парчиња. Многумина успеале во тоа, но има ли нешто подобро од парфем кој можете да го изложите како фигура на вашата полица?

Betsey Johnson “Too Too”

Betsey Johnson има издадено неколку парфеми во облик на фустан на балерина, а парфемот “Too Too” доаѓа во посебна кутија што се затвора на начин како порцеланските фигури. Колку е кичесто, толку е прекрасно!

Carolina Herrera “Good Girl”

“Good Girl” е сладок парфем со шише во форма на убиствено високи потпетици, тоа е вистински спој на парфемот и најпосакуваното женско средство за заведување и изгледа премногу добро!луди креации на шишенца со парфем

Moschino “Toy”

Брендот Moschino и овој пат си поигра со парфемот “Toy”, лансирајќи го во форма на плишано мече кое всушност е парфем! Ова ги надмина сите очекувања и се разбира, беше распродаден веднаш!

- Реклама -

Moschino “Fresh”

Парфемот “Fresh” од Moschino всушност мириса одлично и е многу освежувачки, но фактот дека доаѓа во шише налик на средство за чистење, воодушеви многу кои побрзаа да го купат. Подоцна парфемот  доби своја розова верзија, но мора да признаете дека сината изгледа поавтентично.луди креации на шишенца со парфем

Gwen Stefani “Harajuku Lovers”

Парфемот на Gwen Stefani се викаше Harajuku Lovers и беше промовиран во неколку линии. Се карактеризира со разиграни мирисни ноти кои доаѓаа во кул шишиња во форма на нејзините Harajuku девојки, но само еден од нив доаѓа како сирена девојка.

Nicki Minaj “Pink Friday”

Nicki има издадено неколку парфеми со нејзиниот лик, кој многу реално го отсликува нејзиниот изглед. Не можам да кажам дека некој од нив е особено незаборавни, освен можеби овој поради тоа што беше првиот.луди креации на шишенца со парфем

Jean Paul Gaultier “Fragile”

Jean Paul Gaultier имаше промовирано неколку парфеми со шишиња во форма на машко и женско торзо, но мене ме освои оваа лимитирана едиција на парфемот Fragile, што всушност е “снежна топка” со златни снегулки, истовремено прекрасно и игриво!

Akon “Konvict”

Дали се сеќавате на раперот Akon? Имаше прекрасни песни, но немав поим дека издал парфем и тоа во сребрени и златни нијанси со истото име како првиот албум. Се чини дека никогаш не излегол надвор од “затворените” лисици.луди креации на шишенца

Viktor & Rolf “Flowerbomb”

Големиот фаворит на многу девојки парфемот “Flowerbomb” на брендот Viktor & Rolf , всушност е рачна граната, но розова. Ова е една слатка цветна бомба!

Commes des Garçons “Concrete”

Парфемот “Concrete” во превод “Бетон” кој изгледа како парче бетон, верувале или не и мириса токму така. Тој е еден од најчудните мирис некогаш произведени!луди креации на шишенца

Дали Вие имате предлог за парфем со необично “лудо” шишенце што може да му се придружи на оваа необична листа?