- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Спротивно на она во што верувате, мејкап зависниците користат повеќе алатки за да го усовршат својот мејкап изглед. Една од алатките што често ја користат, која никој не ја кажува е најобичната селотејп лента. Самолепливата лента можете да ја користите на многу начини: од алатка за усовршување при нанесувањето на туш за очи, до помагало за постигнување на совршен smokey eye ефект. Затоа, во вашиот несесер ставите една лента селотејп, бидејќи навистина може да ви помогне при шминкањето.

Мејкап трик со селотејп – Топ 4!

Трик 1 – Совршена линија на сенка и туш за очи!

Ова е најчесто применуван мејкап трик со селотејп, со кој се добива совршено остра граница на сенката за очи и тушот во надворешниот дел на очните капаци. Само залепите парче од самолеплива лента – на косо, таму каде што ќе ги повлечете крилцата на тушот. Нанесете потемна сенка во надворешниот дел на очните капаци и нанесете туш – вишокот ќе остане на селотејпот, но кога ќе го одлепите, ќе добиете совршена границата на сенката, како професионален мејкап артист. Лесно, нели?

Трик 2 – Отстранете го вишокот на сенка и глитер од лицето!

Кога правите покомплексен мејкап изглед со темни сенки или светки – правот често завршува под вашите очи и секаде на лице. Никогаш не се обидувајте вишокот да го отстраните со прсти – само ќе ги размачкате. За тоа искористете ја предноста на овој мејкап трик со самолеплива лента: парче селотејп замотајте околу прстот или на памучно стапче за да добиете самолеплив чистач и нежно потапкајте за да го отстраните вишокот од лицето. Освен што го собира вишокот на светки и сенка од лицето, овој трик не ја брише шминката, што е одлично!

- Реклама -

Трик 3 – Брзински исчистете ја четката за сенка!

Ако немате многу четки за сенка, но користите повеќе бои за креирање на вашиот мејкап изглед – тоа не е никаков проблем за самолепливата лента! За да ја нанесете следната нијанса на сенка со иста четка, само нежно допрете ја четката на парче селотејп – целиот вишокот на боја ќе остане на лентата и четката ќе биде доволно чиста за да продолжите со следната боја!

Трик 4 – Усовршите ја Cut-crease мејкап техниката!

Cut-crease мејкап техниката е една од најсложените техники за шминкање на очите: преклопот на очниот капак визуелно го подигнуваме на горе со помош на сенки, а капакот го “сечиме” со течен коректор. За да добиете совршен лак на очните капаци, исечете ленти од селотејпот во форма на полу-круг, залепете ја лентата неколку пати на раката за да попушти лепакот и залепите ги лентите  на очните капаци. Овој мејкап трик со селотејп ќе ви овозможи да нанесете темна сенка на прегибот многу попрецизно, без слободна рака. Кога ќе ја извадите самолепливата лента – само нанесете коректор на очниот капак и вашиот Cut-crease ефект е подготвен!