Како да се нашминкате! 5 новогодишни мејкап изгледи!

Што да се облече, каква фризура да се избере и како да се нашминкате? Кога се приближува најлудата ноќ, ова се три прашања од милион долари. Пред да го одберете вашиот мејкап изглед, запомнете – новогодишната шминка мора да биде различна од секојдневната! Бидете храбри, не се плашете да користите бои, пробајте нешто ново и различно, изненадете ги сите, дури и себе!

Како да се нашминкате, прашање е сега!

Независно каков мејкап изглед ќе изберете, важно е да не го заборавите прајмерот. Измазнето лице, рамномерно избалансиран тен без неправилности и шминка која и покрај сите предизвици ќе остане недопрена до утрото! Дали сакате повеќе од тоа? Всушност, можете! Совршени фотографии на кои ќе сјаете! Со моите совети и оваа желба ќе биде лесно да се постигне.

1# Гламурозно

Овој начин на дочек на Новата година обично подразбира одење во ресторан, па затоа вашиот изглед мора да биде светски. Макси фустан – фустан под колена или елегантен комбинезон, ќе биде совршено решение, особено ако избирате црвени, црни или зелени тонови. Исто така, за новогодишниот амбиент прикладни се сите светкави комбинации на облекување, особено златни и сребрени.

Гламурозните настани бараат беспрекорна, речиси професионална шминка. Лицето мора да биде подготвено за предизвиците, па еден ден пред дочекот направите пилинг и потоа добро исхидрирајте ја кожата. Шминката не може да се замисли без прајмер, соодветна пудра, но за да обезбедите долготрајност користите пудра за фиксирање.

Класичен, заводлив и елегантен smokey eye и убаво изблендирана сенка, идеални се за секоја свечена прилика, дури и за Нова година, но црвениот кармин комбиниран со црвен фустан –  ова е комбинација од која застанува здивот! Шминката и фризурата треба да бидат впечатливи и екстравагантни, па изберете ниска пунџа или залижана фризура.

2# Седенка со пријателите

На многумина омилен начин за дочек на новогодишната ноќ – пријатно, топло, со многу смеење, домашни специјалитети, друштвени игри и коментари за телевизиската програма… Овој вид дочек на новата година е неформален, па затоа подразбира поудобен, секојдневен изглед. Фармерки, модерни патики, удобен зимски фустан… Поради неформалниот избор на облекување, шминката мора да се совпадне со облеката, така што за седенки најпримерен е природниот мејкап изглед. Не бара многу време и максимално го освежува лицето и ја нагласува природната убавина. Нуд кармин, маскара, изедначен тен на лицето и малку кафена сенка на очите – фотографирањето за Инстаграм може да почне!

3# „5 до 12“

Неодлучни сте или имате неодлучно друштво? Секој „влече“ на своја страна и има своја визија на забавата за новогодишната ноќ. Едни сакаат да одат во ресторан, други во ноќен клуб, трети на плоштад… На крај ќе донесете одлуката „пет до дванаесет“! За што е можно помалку стрес, потребен ви е само црн фустан! Тој ќе ве спаси од сите проблеми, бидејќи каде и да одите, со црниот фустан не можете да згрешите. Сè друго е лесно – неколку интересни додатоци, рамни чизми или чевли на штикла. Но, како да се нашминкате? Нуд нијанси на мат шминка и камена пудра, во комбинација со црвен карминсекси, заводливо, впечатливо, секогаш и секаде!

4# Дочек во ноќен клуб

Дискотеки и ноќни клубови се синоним за луда забава. Шаренило, светла, новогодишна декорација, светлосно шоу, диско топки… Навистина, за Нова година се блеска, но размислите дали ова треба да биде случај со вашата облека. Ако изберете црни панталони, тие се повеќе од пожелни, но само ако се комбинирани со еднобојна свечана кошула. Интензивни бои и сјајна шминка се апсолутно задолжителни!

5# Концерт на плоштад

Во градовите низ целата земја, но исто така и во целиот светот, Новата година ја дочекуваат на плоштадите и за такви прилики има само едно правило: да се задржи топло! Два пара чорапи, зимска јакна, шал, ракавици и волнена капа – без нив не излегувајте на улица. Но, ова е идеална прилика да го истакнете вашиот „поглед“. Погодувате, во шминката за очи е клучот! Туш за очи во боја е одлично решение, исто како и блескави сенки. Експериментирајте со бои, бидете креативни, одважни и издвоите се од масата. Балсам или сјај ќе ги обезбеди на вашите усни блескав изглед, а исто така и заштита од студ. Ниско врзан реп на косата или пуштена коса се единствените фризури за кои во овој случај треба да размислувате.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *