5 клучни производи со кои за шминкање ќе ви требаат само 5 минути!

Првите пролетни денови го означија почетокот на новата сезона во вашите секојдневни ритуали за убавина. Исто како во светот на модата, кога се враќаме на полесна облека со богати бои и со модни додатоци, светот на убавината во вашата дневна рутина ги враќа лесните формули. Со фокусирање на нега и заштита од сонце, пролетта носи неодолива едноставност на секојдневната бјути рутина, особено во делот посветен на шминката.

Минимална и брза мејкап рутина за пролетните денови!

Поради повисоките температури, се повеќе ќе биде влошена издржливоста на тешката шминка, но и поради фактот дека во пролетната и летна сезона совршено одговара минимален мејкап изглед, секојдневното спремање ќе стане побрзо и полесно од било кога. Додека за гламурозен вечерен изглед сеуште посегнувате по драматичен мејкап со фаворити како црн туш за очи и интензивен мат кармин, само неколку клучни производи со додавање на нежни пастелни нијанси ќе бидат доволни за совршен дневен мејкап изглед што одлично ќе се вклопи во секоја модна комбинација. Како да креирате едноставен и брз мејкап изглед за секој ден за што ќе ви бидат доволни само пет минути?

Тајната на совршено брзиот и едноставен мејкап изглед, кој ќе ги прекрие сите ситни недостатоци и ќе го истакне најдоброто, се крие во изборот на самите производи за убавина. Брендовите за убавина постојано лансираат нови и возбудливи производи, кои веднаш ќе го зачинат секој мејкап изглед и кои секогаш може да ги додадете на едноставниот мејкап почеток на денот, но она што ќе ви треба се пет клучни производи кои ако се спојат заедно создаваат совршена база за едноставен и брз мејкап изглед на кој секогаш ќе се враќате.

Клучни бјути производи за шминкање во 5 минути!

Пет производи се она што ви е потребно во пет едноставни чекори за пет минути за креирање на совршен дневен мејкап изглед за пролетната сезона. Во продолжение ќе ви ги откријам клучните чекори и моите омилени козметички производи на кои секогаш се навраќам.

Прв чекор – хидратација!

Првиот чекор доаѓа пред да се нанеси шминката и се крие во производите за нега. Хидратацијата е суштински дел на секоја рутина, вклучувајќи ја и наједноставната и најбрза рутина за убавина, а лесната крема со SPF заштита е чекор што нема да сакате да го прескокнете, дури и ако имате само пет минути.

Biotherm Aquasource Everplump крем

Втор чекор – прекривање на ситните несовршености!

Ако имате само неколку минути за шминкање, пудрата е еден од производите што може да ја прескокнете. Наместо тоа, посегнете по мултифункционален коректор кој во еден потег ќе ги прекрие сите ситни недостатоци.

Bourjois Healthy Mix Conclear коректор

Трет чекор – веѓи!

Дефинирањето на веѓите е неочекуван чекор во оваа едноставна и брза мејкап рутина што многумина ќе ја прескокнат без многу размислување. Сепак, дефинирани веѓи е омилен мејкап трик на големите мајстори за шминка во кој се крие неверојатна разлика.

Max Factor Brow Shaper молив за веѓи

Четврти чекор – маскара која го отвора погледот!

Маскарата со причина е еден од најпопуларните производи за убавина во целиот свет. Освен што ги нагласува и продолжува трепките, маскарата го отвора погледот и носи свежина на вашиот изглед, поради тоа е важен чекор, дури и за наједноставните мејкап рутини.

Max Factor Rise and Shine маскара

Петти чекор – малку боја на усните и образите!

Последниот чекор во едноставната и брза мејкап рутина го носи оној допир на боја и свежина што ќе ни даде младешки изглед. Нежно нанесена розова или корална нијанса на образите и усните е се што ви треба, а популарните кремасти мејкап стикови се одличен избор за вашите усни и образи.

Aura Cheek stick руменило

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *